Застапување во царински постапки
Со Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки се уредени условите и постапката за издавање на одобрение и лиценца за вршење на работи на застапување пред царинските органи заради спроведување на дејствија и формалности пропишани со царинските прописи, условите и постапката за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, начинот на кој се спроведува контролата над работата на овластените царински застапници и лиценцираните застапници, како и видот на евиденциите кои се водат.
Работи на застапување во царинските постапки може да врши трговско друштво или трговец поединец кое ги исполнува условите пропишани со овој закон и има одобрение за вршење на работи на застапување во царинските постапки
Одобрение за вршење на работи на застапување во царинските постапки се издава на трговско друштво или трговец поединец кое ги исполнува следниве услови:
- е регистрирано во Република Македонија;
- е регистрирано за вршење дејност, која вклучува и застапување во царински постапки;
- има вработено на неопределено време најмалку еден лиценциран застапник;
- располага со деловен простор и опрема за вршење на застапување во царински постапки соодветнa за пристапување до компјутерскиот систем на Царинската управа за обработка на царински и други документи;
- да поднесе писмена изјава дека во рок од 30 дена од добивање на одобрението за вршење на работи на застапување во царинските постапки со Царинската управа ќе склучи договор за пристапување до компјутерскиот систем за обработка на царински документи;
- приложува гаранција, со која ќе го гарантира исполнувањето на обврските кои може да произлезат од вршењето на застапување во царински постапки според овој закон;
- во последните две години кои непосредно претходат на датумот на поднесување на барањето за одобрение за вршење на работи на застапување во царинските постапки, не му е изречена прекршочна санкција со правосилна одлука на надлежен прекршочен орган, односно суд за сторен потежок царински прекршок или не е огласено за виновно со правосилна одлука на надлежен суд за кривично дело против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривично дело против службената должност, кривично дело против правниот сообраќај или кривично дело определено со Законот за акцизите;
- нема ненамирени обврски и долгови кон државата.
Одобрението за вршење на работи за застапување во царинските постапки Царинската управа го издава во рок од 30 дена од денот на приемот на уредно поднесеното барање кон кое се приложени сите докази за исполнетост на условите.
Придружни документи
Упатство за начинот на вршење на застапување во царинските постапки
Барање за измена на податоци во одобрение
Барање за издавање одобрение за вршење работи за застапување во царинските постапки
Образец-полномошно индиректно застапување
Образец-полномошно директно застапување
Образец-полномошно индиректно застапување (поедноставена форма - физички лица)
Образец-полномошно директно застапување (поедноставена форма - физички лица)
Изјава за гарантирање на исполнувањето на обврските