Враќање на платена акциза за обележано гасно масло – екстралесно гориво

Лицата кои обележаното гасно масло наменето за греење го употребиле за греење во домаќинствата, како и лицата кои го употребиле како гориво за греење во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата, имаат право на враќање на дел од платената акциза во висина од 6 денари за литар.

За остварување на правото на враќање на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење, корисниците на обележано гасно масло наменето за греење треба да се евидентираат во Евиденцијата на корисници на обележано гасно масло наменето за греење која ја води Царинската управа и да добијат идентификациски број.