Тутунски производи
Акцизна основица
Акцизна основица за цигари е вредноста пресметана по парче и процент од малопродажната цена. Акцизата на цигари се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од едно парче и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на цигарите утврдена во согласност со одредбите од член 83 од Законот за акцизите. По исклучок за целите на пресметка и наплата на акцизата на цигари чија малопродажна цена не е пријавена, пропорционалната акциза се пресметува во однос на највисоката малопродажна цена на цигарите во Република Северна Македонија.
Акцизна основица за пури и цигарилоси е вредноста пресметана по парче и одреден процент од малопродажната цена. Акцизата на пури и цигарилоси се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од едно парче и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на пурите или цигарилосите.
Акцизната основица за фино сецкан тутун наменет за виткање цигари е еден килограм нето тежина и малопродажната цена. Акцизата на фино сецкан тутун наменет за виткање цигари се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од еден килограм нето тежина и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на фино сецканиот тутун.
Акцизната основица за друг тутун за пушење и тутун за водено луле (тутун за наргиле) е еден килограм нето тежина и одреден процент од малопродажната цена. Акцизата на друг тутун за пушење и тутун за водено луле (тутун за наргиле) се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од еден килограм нето тежина и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на друг тутун за пушење или тутунот за водено луле.
Акцизната основица на тутун за шмркање и тутун за џвакање е еден килограм нето тежина и одреден процент од малопродажната цена. Акцизата на тутун за шмркање и тутун за џвакање се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од еден килограм нето тежина и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на тутунот за шмркање или тутунот за џвакање.
Акцизната основица на несогорлив тутунски производ е еден килограм нето тежина на тутунска смеса и одреден процент од малопродажната цена. Акцизата на несогорлив тутунски производ се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од еден килограм нето тежина на тутунска смеса и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на несогорливиот тутунски производ.
Акцизната основица на течноста наменета за полнење на електронска цигара е еден милилитар волумен. Акцизата на течноста наменета за полнење на електронска цигара се плаќа како специфична акциза пропишана во износ за количина од еден милилитар волумен.