Забрани и ограничувања
Забраните и ограничувањата се мерки кои претставуваат прописи кои ја регулираат трговијата со стоки, а со цел да се обезбеди заштита на здравјето и животот на луѓето, животните и растенијата, заштита на животната средина и природата; заштита на националното стопанство и националното богатство со уметничка, историска или археолошка вредност. За правилно спроведување на забраните и ограничувањата повеќе надлежни институции согласно пооделни закони имаат надлежност да издават дозволи, одобренија или согласности за соодветната царинска постапка.