Регистрација на акцизни обврзници
Акцизниот обврзник кој има намера да врши дејност поврзана со акцизни добра се регистрира во електронски Регистар на акцизни обврзници, кој го води Царинската управа и тоа:
- Регистар на акцизни дозволи со одобрени акцизни складови,
- Регистар на одобренија за повластени корисници на акцизни добра,
- Регистар на одобренија за мали производители на пиво, вино, етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци,
- Регистар на земјоделци - производители на жестоки алкохолни пијалаци и
- Регистар објавените малопродажни цени.
Регистрација на акцизните обврзници се врши во СОЦДАД на следниов линк: https://trader.customs.gov.mk/myAccount-ui/protected/welcome.html