Регионален тренинг центар
Мисија
Обука на вработени за потребите на Царинската управа и бизнис заедницата, потребна за регионалната интеграција ЦЕФТА 2006, преку воспоставување на професионални програми за трајна обука со целосна имплементација на професионалните стандарди, препорачани од страна на Светската царинска организација.
Визија
Унапредување на тренинг центарот за постојана професионална обука на царински службеници и претставници на деловната заедница за истиот да прерасне во водечка институција за обуки на теми поврзани со трговски правила и олеснување на трговијата во рамки на мултилатералниот трговски систем, кој целосно ќе се базира на професионалните стандарди на Светската царинска организација за Република Северна Македонија и регионот на ЦЕФТА 2006.
Капацитети на РТЦ
РТЦ се наоѓа на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Факултетот располага со 4 амфитеатри од кои најмалиот е со капацитет од 80 слушатели, додека најголемиот – за 200 слушатели. Има четири комплутерски лаборатории, од кои најмалата има 35 компјутери, а најголемата 75. Факултетот располага и со фонолабораторија и 7 предавални. Сите амфитеатри, компјутерски лаборатории и предавални се опремени со ЛЦД проектори и имаат интернет врска. Факултетот исто така има безжичен интернет во целиот објект. Располага и со две факултетски библиотеки, специјализирана библиотека на Светската Банка и Центар за европски податоци и информации. Покрај тоа, факултетот располага и со читална со околу 200 седишта и интернет кафе за студенти.
Канцеларија за градење на капацитети на СЦО за регион Европа
http://rocb-europe.org/
Контакти
Проф. д-р Ирена Кикеркова
Редовен професор по меѓународна економија и меѓународна трговија
Раководител на РТЦ на СЦО во Република Македонија
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје,
Економски Факултет-Скопје,
Бул. “Крсте Мисирков” бб, 1000 Скопје
Република Македонија
Тел:2 3 286 860
Факс: 2 3 117 801
е-маил: irena@eccf.ukim.edu.mk
Жаклина Андреска
Началник на одделение за обуки
Координатор на РТЦ на СЦО во Република Македонија
Царинска управа на Република Македонија
ул. “Лазар Личеноски” бр. 13, 1000 Скопје
Република Македонија
Тел:2 3 116 188
Факс: 2 3 237 832
е-маил: zaklina.andreska@customs.gov.mk
Маријана Секуловска
(административне координатор)
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје,
Економски Факултет-Скопје,
Бул. “Крсте Мисирков” бб, 1000 Скопје
Република Македонија
Тел: 2 3 286 835
Факс: 2 3 117 801
е-маил: MarijanaSekulovska@eccf.ukim.edu.mk