Пресметка на акциза за нафтен кокс
Акцизниот обврзник ја пресметува акцизата при испорака на нафтен кокс до крајниот потрошувач, врз основа на издадените фактури. Обврската за плаќање на акциза настанува по истекот на календарскиот месец во кој се испорачани. Акцизниот обврзник е должен за пресметковниот период сам да ја пресмета акцизата на нафтениот кокс во согласност со пропишаната акцизна основица и износот кои се применуваат на денот кога настанала обврската за пресметување на акциза. Пресметковниот период е еден календарски месец. Акцизниот обврзник е должен за утврдената обврска за акциза на нафтен кокс да поднесе акцизна декларација до надлежниот царински орган и да ја плати акцизата во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец.
При увоз на нафтен кокс обврската за пресметување и плаќање на акцизата настанува во согласност со царинските прописи, освен во случаите кога увозникот е имател на одобрение за акцизен обврзник за јаглен, кокс, лигнит и нафтен кокс од член 114 од Законот за акцизите или е имател на одобрение за повластен корисник.