Царинење на поштенски пратки
Постапката на царинење на поштенските пратки се спроведува согласно одредбите на Царинскиот закон како и со прифатените меѓународните поштенски прописи.
Сите поштенски пратки кои се предмет на меѓународниот поштенски сообраќај подлежат на мерките на царински надзор и постапка како што е предвидено со царинските и поштенските прописи.
Ослободувањето не важи за пратки кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.Доколку вредноста на стоката е од 22 до 90 евра, истата е ослободена од плаќање царински давачки, но подлежи на плаќање на ДДВ.
Испраќач: Физичко лице |
Испраќач: Фирма |
Примач: Физичко лице |
Примач: Физичко или правно лице |
Стока испратена од странство од физичко лице во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ, под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 45 ЕВРА во денарска противвредност. |
Стока испратена од странство од правно лице (фирма) во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 22 ЕВРА во денарска противвредност, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци. |
|
Стока чија вредност надминува вредност од 90 ЕВРА подлежи на плаќање и на увозни давачки и на ДДВ. |
|
Ослободувањето не важи за пратки кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун. |
Дополнителни информации можете да најдете на следниот линк: поштенски пратки и царинење на поштенски пратки
Поштенски пратки и царинење на поштенски пратки
Начелно, при пристигнување на поштенските пратки на царинското подрачје на Република Македонија, согласно одредбите на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон под надзор на царински службеник се врши издвојување на пратките кои се пуштаат во слободен промет без обврска за поднесување на царинска декларација и тоа:
- поштенски картички и писма кои содржат само лични пораки,
- писма пишувани со Браилово писмо,
- печатен материјал кој не подлежи на плаќање на увозни давачки и
- сите други пратки од некомерцијална природа увозни давачки, а кои содржат ситни подароци, рекламен материјал, ситни мостри и слично, освен пратките кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун. кои се испраќаат со писмо или со поштенски пакет од незначителна вредност, со вкупна вредност до 22 ЕУР во денарска противвредност, под услов да не постои обврска за плаќање
Согласно член 1 став 3) од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон и член 2 став 1) точка д) од Уредбата за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки, како пратки од некомерцијална природа се сметаат оние пратки кои се испратени од едно на друго физичко лице, повремено се увезуваат и нивниот вид и количина укажува дека се наменети за приватна, лична и семејна употреба на примачот или која очигледно е наменета за подарок.Овие пратки се ослободени од плаќање на царински давачки и ДДВ до вредност од 45 ЕУР.
Согласно член 87 од Уредбата за спроведување на царинскиот закон е предвидено дека прилагодување на декларираната вредност нема да биде направено во поглед на трошоците при утврдување на вредноста на пратките од некомерцијална природа, Што значи дека за стока од некомеријална природа, транспортните трошоци не се засметуваат во царинската вредност на стоката.
Пратките кои не подлежат на давачки согласно став 3 од членот 144 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон се смета дека се ставени на увид на царинскиот орган во смисла на член 73 од Царинскиот закон, дека царинската декларација е прифатена и дека е одобрено пуштање на стоката, во моментот кога стоката е испорачана до примачот. Овие пратки, после извршената контрола од страна на царинскиот орган во изменичната пошта можат да се пуштат во слободен промет без царински формалности.
Поштенски пратки кои подлежат на царинска постапка
Сите поштенски пратки кои содржат стока, а кои се испратени од странство од страна на правни лица, како и сите пратки кои се предмет на купопродажба, подлежат на пресметка на царински давачки и ДДВ, независно дали служат за лична употреба на примачот. При тоа од плаќање на царински давачки се ослободуваат пратките чија што вредност не надминува 90 ЕУР, а од плаќање ДДВ се ослободуваат пратките чија што вредност не надминува 22 ЕУР, што значи дека за пратките со вредност до 90 ЕУР се плаќа само ДДВ.
Плаќањето на царинските давачки и ДДВ се врши на еден од следните обрасци:
- Поштенско царинска декларација: ако вредноста на стоката во пратката е помала од 800 ЕУР во денарска противвредност. Кога испраќачот е физичко лице се применува единствена царинска стапка од 15 % и стапка на ДДВ од 18% или 5% во зависност од видот на стоката. Кога испраќачот е правно лице, односно се работи за пратка порачана преку интернет, при пресметката на царинските давачки се применуваат стапките согласно Законот за царинска тарифа. Царинската декларација ја пополнува царинскиот службеник, а давачките се плаќаат при приемот на пратката и
- Единствена царинска декларација: ако вредноста на стоката во пратката е поголема од 800 ЕУР или примачот на пратката се изјаснил дека сака стоката да биде оцаринета со стапка согласно Законот за царинска тарифа, во овој случај декларацијата се поднесува согласно постоечките прописи предвидени со членот 72 од Царинскиот закон, и членот 115 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, како и Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и кодексот на шифри кои се употребуваат во царинската постапка, најчесто преку царински застапник.
Кога примачот на поштенската пратка е правно лице содржи не повеќе од еден документ или еден примерок од секој документ доколку пратката се состои од повеќе документи и доколку нејзината вкупна бруто тежина не надминува еден килограм како што е предвидено со Уредбата за поблиски критериуми и начинот како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки, да не се дел од редовна низа слични пратки и да не се предмет на забрани и ограничувања, на царинскиот орган му поднесува усна декларација во форма на барање за ослободување од плаќање на царина и соодветна изјава за намената на стоките. Во сите останати случаи се поднесува царинска декларација во писмена форма на образец ЕЦД. на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, за пратките кои што содржат стоки од незначителна вредност, под услов да не подлежат на увозни давачки (на пример мостри на стока, пратка со печатен рекламен материјал која доколку стоката која се увезува по пошта подлежи на плаќање на акциза, тогаш истата се пресметува согласно Законот за акцизи.
Царински долг и царинска вредност на стоката
Во постапката на царинење на стоката во поштенските пратки, независно дали се спроведува на поштенско царинска декларација или единствена царинска декларација (ЕЦД), се утврдува царински долг кој треба да се плати. Царинскиот долг го сочинуваат царината и ДДВ и евентуално други пропишани давачки во зависност од видот на стоката. Пропишаната царинска стапка се пресметува на царинската вредност на стоката. Царинската вредност на стоката ја сочинува трансакциската вредност, односно стварно платената цена на стоката или цената која што треба да се плати, прилагодена за дополнителните трошоци кои се настанати до пристигнувањето на стката на царинското подрачје на Република Македонија. По правило во царинската вредност на стоката испратена по пошта влегуваат трошоците за поштарина кои настануваат надвор од царинското подрачје на Република Македонија. Трошоците за поштарина не влегуваат во царинската вредност на стоката која по пошта ги испраќа едно физичко лице на друго, освен кога се работи за стока превезена со брза пошта позната како ЕМС. Во царинската вредност исто така не се вклучуваат и евентуалните дополнителни трошоци кои настануваат во Репубика Македонија, а кои ги наплаќа поштата.
Даночната основица ја сочинува износот на царинската вредност зголемена за износот на пресметаната царина.
Основен документ за утврдување на царинската вредност претставува фактурата, односно сметката. Доколку кон поштенската пратка не е приложена фактура или сметка, царинскиот службеник ќе го повика примачот на стоката да достави докази за вредноста на стоката. Доколку примачот на пратката не достави никакви податоци за вредноста на стоката, царинскиот службеник ја пресметува царинската вредност согласно одредбите од членовите 29 до 34 од Царинскиот закон.
Доколку примачот на стоката не се согласува со царинската вредност утврдена од страна на царинските службеници и пресметаните давачки, има право да поднесе приговор на утврдената царинска вредност. Приговорот се поднесува во писмена форма заедно со неотворената пратка и сите документи и докази релевантни за повторна царинска контрола и одлучување, пред пратката да биде подигната.
Место на царинење на поштенски пратки
Царинењето на поштенските пратки се врши во Царинската испостава Пошта - Скопје, која е сместена во просториите на АД Македонски пошти (Нова железничка станица). Информации во врска со постапката на царинење на поштенските пратки може да се добијат и по пат на електронска пошта на ciposta@customs.gov.mk или на телефон 02 2 401 876, 02 2 401 877 и 02 401 878.