При трговската размена на стокa помеѓу Република Македонија, Турција и земјите членки на Европската унија дијагоналната кумулација се применува само на производи опфатени Одлука бр. 1/95 на Советот за асоцијација на Европската заедница и Турција од 22 декември 1995 година. Одлуката бр. 1/95 се применува на производи, со исклучок на земјоделски производи (Договор за воспоставување на асоцијација меѓу Европската економска заедница и Турција) и со исклучок на производи од јаглен и челик (Договор меѓу Европската заедница за јаглен и челик и Република Турција за трговија на производи опфатени со Договорот за основање на Европската заедница за јаглен и челик). Земјоделските производи и производите од јаглен и челик кои се опфатени во посебен билатерален договот помеѓу ЕУ и Турција, се исклучени од примена на одредбите за дијагонална кумулација согласно Договорот за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Турција, Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европска унија и Регионалната конвенција за пан-евро-медитеранските преференцијални правила за потекло.
Со цел правилна и еднообразна примена на наведените производи објавени се листите на производи исклучени од кумулација во трговската размена помеѓу Република Македонија, Турција и земјите членки на Европската унија и тоа:
Листа на земјоделски производи исклучени од кумулација (документ на Европската комисија (DG TAXUD) бр.1433/02 oд 15.03.2004 година)
Листа на производи од јаглен и челик исклучени од кумулација (документ на Европската комисија (DG TAXUD) бр.1205/06 oд 19.04.2010 година)