Факти за проектот:
Цел: доближување на начинот на спроведување на царинските постапки во Република Македонија кон европските стандарди и најдобри пракси преку подготовка на регулативата и интерни процедури поврзани со имплементацијата на Конвенцијата за заеднички транзит.
Времетраење: 21 месеци (септември 2014 г, завршување мај 2016 г.)
Вредност: 0,95 милиони евра
Резултат: Со поддршка на овој проект, Република Македонија на 1 јули 2015 година стана дел од заедничкиот транзитен систем на ЕУ. Се изврши соодветно наполнување на спроведеното усогласување на националното примарно и секундарно законодавство во делот на транзитот и единствената царинска декларација со Конвенциите за заедничка транзитна постапка и поедноставување на формалностите во трговија со стока, беа направени одредени промени во организациска поставеност со зајакнување на одредени организациони единици кои се главни носители на заедничката транзитна постапка, беше обезбедено електронско комуникациско поврзување со Европската Комисија, беше подготвен, инсталиран и повеќе пати успешно тестиран компјутерски систем за транзит т.н. Нов компјутеризиран транзитен систем, кој е основа за спроведување на транзитната постапка преку размена на електронски пораки помеѓу застапниците во царинската постапка и царинските испостави, како и помеѓу самите царински испостави.Како составен дел од проектот беа спроведени голем број обуки на царинските службеници и шпедитери за нивна подготовка за успешно работење во рамките на заедничкиот европски транзитен систем. Проектот се имплементираше со стручна помош од Финансиската управа на Република Словенија.