Внесување на ефективни странски пари
Резидентите можат слободно да внесуваат во Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.
Одлука за висината на внесување или изнесување на странски пари и чекови
Одлука - ефективни домашни пари чекови и монетарно злато Сл весник бр 41 од 2007 година
Образец за пријавување на ефективни странски и домашни пари и чекови кои резидентите и нерезидентите го внесуваат или изнесуваат од Република Македонија
Резиденти
Резидентитеi Правни лица со седиште во РМ и нивни претставништва во странство, подружници на странски друштва регистрирани во РМ, физички лица со постојано место на живеење во РМ, физички лица со регулиран привремен престој во РМ и дипломатски и конзуларни претставништва на РМ во странство. можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.
Резидентите можат во Република Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.
Резидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од износот од 10.000 евра.
Нерезиденти
Нерезидентитеi Правни лица со седиште во РМ и нивни претставништва во странство, подружници на странски друштва регистрирани во РМ, физички лица со постојано место на живеење во РМ, физички лица со регулиран привремен престој во РМ и дипломатски и конзуларни претставништва на РМ во странство. можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.
Нерезидентите можат во Република Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.
Нерезидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од износот од 10.000 евра.