Акциза на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци произведени кај мали дестилерии
Акцизата на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци кои ги произведува малиот независен производител на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци се плаќа во износ од 50% од пропишаната акциза од член 58 став (5) од Законот за акцизите. Малиот независен производител на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци акцизата ја плаќа со поднесување на акцизна декларација до надлежниот царински орган согласно одредбите од член 60 од овој закон. Одредбите се применуваат и за увезените количини на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци кои се произведени под условите од член 70 став (1) од овој закон, што се докажува со поднесување на документ за вкупното годишно производство, издаден од страна на надлежен орган на земјата извозник.