Соработка
Партнерството помеѓу Царинската управа и деловната заедница се остварува преку работата на Советодавното тело, кое претставува форум на размена на меѓусебни мислења.
Советодавното тело е формирано во јануари 2009 година, согласно стандардите на Светската царинска организација(Конвенција на хармонизација и поедноставување на царинските процедури).
Во Советодавното тело членуваат:
- Царинска управa
- Стопанска комора на РМ
- Сојуз на стопански комори на РМ
- Стопанска комора на Северозападна Македонија
- Американска стопанска комора во РМ
- СИЗ„Македонија сообраќај” АМЕРИТ
- Групација на шпедитери и логистички оператори -МИФА
- Текстилно трговско здружение - Текстилен кластер
- Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ
- Холандска стопанска комора
- Македонско Бугарска стопанска комора
- Унија на Германски комори за индустрија и трговија - Претставништво Скопје
- Стопанска комора на Македонија - Турција
Основни принципи на работа на телото се:
- промовирање на партнерството помеѓу Царинската управа и бизнис заедницата,
- осигурување на висок степен на олеснување на трговијата како и безбедност,
- модернизирање на царинските постапки и
- активности на тренинг и обуки
Деловник за работа на советодавното тело