Царински квоти
Увозот во Република Северна Македонија на одредени земјоделски производи со потекло од земјите членки на Европската унија, земјите членки на ЕФТА, Украина , Република Турција и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во рамки на договорените годишни количини се врши без плаќање или со плаќање на намалени увозни царински давачки. Согласно обврските од Договорот за пристапување на Република Македонија во Светската трговска организација (СТО), предвиден е безцарински увоз на пченица во рамки на годишно утврдени количини на тарифни квоти.
Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за начинот и постапката при распределба на стоките во рамки на тарифни квоти еднаш годишно во Службен весник на Република Северна Македонија во квартални количини се објавуваат Листи на стоки на тарифни квоти кои ќе се увезуваат во рамки на квота по принципот на распределба „прв дојден, прв корисник“. Неискористените количини на квоти на крајот на секој квартал се пренесуваат во првиот нареден квартал (период од три месеци) како дополнување на утврдената количина на стоки од Листата на стоки на тарифни квоти.
Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за начинот и постапката при распределба на стоките во рамки на тарифни квоти еднаш годишно во Службен весник на Република Северна Македонија се објавува Листа на стоки на царински квоти по Протоколот за пристапување на Република Македонија во СТО.
За стоките кои подлежат на користење на преференцијален увоз во рамки на тарифна квота се поднесува електронска декларација со соодветно пополнета шифра за преференцијален третман во рамки на квота во рубрика 36, соодветно пополнет податок за број на квота во рубрика 39 како и шифра 5071 (административна такса) во рубрика 44 со наведување на датум на уплата или единствен код од електронска уплата.
За секое поединечно барање за распределување на тарифна квота потребно е да се изврши посебна уплата на административната такса преку налог за плаќање на јавни приходи - образец ПП 50, на следниот начин:
Начин на пополнување на налогот за јавни приходи образецот ПП50 при уплата на административна такса
- Назив на примачот – Трезорска сметка
- Банка на примачот – Народна банка на РСМ
- Сметка – единствена трезорска сметка 100000000063095
- Уплатна сметка – 840 ХХХ 03413, се внесува ознаката на општината согласно списокот објавен со Упатаството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи (на пример: за регион 179 (општина Карпош - 84017903413);
- Приходна шифра 722322;
- Датумот на валутата и датумот на уплатата треба да бидат идентични;
- Начин – за да може уплатувачот веднаш да ја користи уплатата потребно е да биде пополнето со 1 т.е. уплатата веднаш ќе биде реализирана од банка.
- Повикување на број – Задолжување – локален референтен број (ЛРБ) на декларацијата
- Цел на дознака– административна такса - КВОТА;
- Износ – вкупниот износ на име административната такса, кој го сочинуваат: 1) износот на уплатата по основ на барањето за распределување на тарифна
Распределбата на количините на тарифните квоти се врши преку Електронскиот систем за интегрирана тарифна околина – ИТО (http://ite.customs.gov.mk:9080/masterApp/)
Дневните извештаи за распределени тарифни квоти или делумно одбиени тарифни квоти како и тековната состојба на преостанати количини на тарифни квоти по земји се достапни во консултацискиот модул на Електронскиот систем за интегрирана тарифна околина – ИТО (http://ite.customs.gov.mk:9080/masterApp/)
Одлука за начинот и постапката при распределба на стоки во рамки на тарифни квоти