Интегрираната тарифна околина (ИТО) претставува бизнис концепт што ги групира повеќето комјутерски системи што служат за размена на информации помеѓу Европската комисија и земјите - членки на ЕУ. Главна цел на Интегрираната тарифна околина (ИТО) е да ги усогласи царинските ИТ системи со соодветните тарифни системи што ја сочинуваат ИТО на Европската Унија. За пристапување во ЕУ задолжително е воведување на ИТО со цел да се приближиме до заедничкиот eвропски пазар и Царинската унија на ЕУ. ИТО ќе го зајакне оперативниот капацитет на Царинската управа според стандардите на ЕУ, особено во однос на царинските тарифи, што се основа на царинските постапки. Најважната апликација – ТАРИМ се имплементира и е во оперативна функција од 1 јуни 2019 година. Кога ќе станеме дел од ЕУ, претходното искуство стекнато преку националните мерки ќе овозможи полесен премин кон мерките на ЕУ. Во меѓувреме, економските оператори ќе имаат придобивка од поефикасниот систем. Правната основа за воведување на Интегрираната тарифна околина(ИТО) се наоѓа во Законот за царинска тарифа ((Сл.весник на РМ бр. 23/03, 69/04, 10/08, 35/10, 11/12 , 93/13, 44/15) во членот 1б и членот 5 став 5.
За полесно користење на новиот систем ТАРИМ донесени следните упатства:
Корисничко упатство за модулот за пресметки и Корисничко упатство за модулот за модулот за десиминација
ИТО ги опфаќа следните системи:
- ТАРИМ - содржи и модул за пресметка на царинските давачки што е од суштинско значење за доследна и ефикасна наплата на точни царински давачки и спроведување на другите економски мерки. Пристап до консултацискиот модул на ТАРИМ на следниот линк на веб страната на Царинската управа на РСМ
- Систем за квоти - управува со квотите при увоз врз основа на принципот „прв дојден, прв корисник.
-Систем за надзор - служи за следење на увозот и извозот и ја поддржува примената на трговските мерки;
- Задолжителни тарифни информации - систем за управување и објавување на задолжителни тарифни информации;
- Европски попис на хемиски супстанци – листа на супстанци дефинирани според регулативата на ЕУ.
- Систем за управување со примероци - содржи база на примероци од царински печати, пломби и потребни документи за царинските постапки.
TARIМ е акроним за Интегрирана тарифна на Македонија. Претставува база на податоци за царинска тарифа на Македонија и законите, прописите и другите акти на Република Северна Македонија кои се применуваат на стоки при увоз и извоз која е формирана со поврзување на тарифните ознаки со мерките на комерцијалното законодавство, забраните за увоз / извоз, ограничувањата, квантитативните рестрикции, тарифните квоти и преференции, акцизи, ДДВ и други мерки. Кодирањето во ТАРИМ системот се врши на начин на кој се прави кодирањето во интегрираната тарифа на ЕУ - ТАРИК (тарифа Интегра communautaire).
Интегрираната царинска тарифа на Република Северна Македонија претставува консултациски и калкулациски модул кој преку интерфејс се поврзува со Системот за обработка на царински и акцизни документи – СОЦДАД и ЕКСИМ. Таа ги содржи стапките на сите царински и други увозни давачки, како и сите други мерки на трговска политика на стоки и двојна намена на стоките. Со воведувањето на TARIМ се зголемува степенот на автоматски царинење и се обезбедува правилна и еднообразна примена на законите и прописите во процесот на царинење, на целата територија на Република Северна Македонија. Одредени делови од ЕЦД се поврзани со базата на податоци во TARIМ системот и полињата се пополнуваат со кодови кои се дефинирани во истиот. TARIМ базата ја проверува веродостојноста на податоците внесени во рубриките на ЕЦД (на пример, рубриките број 33, 36, 39, 44, 47 и други) и ги пресметува давачки како и дава други информации поврзани со мерките (тарифни и нетарифни).
Основни елементи TARIM базата се:
• мерки;
• номенклатура;
• дополнителни ознаки;
. сертификати
• географски области;
• фусноти;
• законодавство.
Мерка претставува примена на прописите за одреден период на време, за увезени / извезени стоки со одредено потекло. На пример мерка 103 –значи примена на царински давачки кон трети земји. Овие мерки се кодирани во базата на TARIМ, шифрирани на точно одреден начин со алфанумерички ознаки.
Номенклатурата се состои од тарифни ознаки и наименуванија. Наименуванието на стоката е текстуален опис на стоката која ја следи секоја тарифна ознака. Тарифни ознаки во базата на TARIМ се на десетоцифрено ниво, каде првите осум цифри идентичен со ознаки од Царинската тарифа на ЕУ – Комбинираната номенклатура (првите шест цифри се дал од ХС, седмата и осмата цифра се воведени од страна на Европската унија), додека последните две цифри се национални. Понатаму поделбата на наименуванијата се врши со дополнителни ознаки. Тарифните ознаки се впишуваат во рубриката бр. 33 од ЕЦД, а покрај десетоцифрената тарифна ознака се впишуваат највеќе Дополнителните ознаки, што значи да се во TAРИМ, односно царинската декларација, стоката се опишува со 22-цифрена ознака.
Дополнителните ознаки се четирицифрени алфанумерички ознаки кои се употребуваат кога номенклатурата треба да биде понатаму разделена поради специфични потреби, на пример да се означи стока за која се наплаќа акциза, повластена стапка на ДДВ, итн.
Географските подрачја се земји , групи земји групирани поради некои конкретни причини, региони кои се кодирани четири цифри и се користи за дефинирање на земјата на потекло или дестинација каде што стоката се увезува.
Фуснотата претставува текстуална подршка на мерките, дополнителните ознаки и другите елементи на ТАРИК системот, а се употребува подетално да се објаснат шифрираните податоци.