Акцизи

Акцизни добра кои се подлежни на плаќање на акцизa на акцизното подрачје на Република Северна Македонија се:

  • алкохол и алкохолни пијалaци
  • тутунски производи и
  • енергенти и електрична енергија

Овие производи се подлежни на акциза со нивното производство или со нивниот увоз на акцизното подрачје и со нивното внесување на акцизното подрачје.

Царинската управа е единствен надлежен орган за администрирање на акцизите на целото акцизно подрачје, како и за спроведување контроли над имателите на акцизни дозволи и одобренија за повластен корисник, како и над учесниците во трговски операции кои вклучуваат промет со акцизни добра.

Законот за акцизи и подзаконските прописи се објавени на следниов линк

http://carina.mk/index.php/mk/za-nas-mk/carinska-regulativa/zakon-za-akcizite-mk

Настанување на акцизата

Акциза настанува во моментот на пуштање на акцизните добра во промет на акцизното подрачје и тоа:

  • секое напуштање на акцизното добро од постапката на акцизно одложување, вклучувајќи и незаконско напуштање;
  • секое чување на акцизно добро надвор од постапка на акцизно одложување и за кое нема увид или евиденција дека е платена акцизата или кога акцизното добро е набавено на незаконски начин;
  • секое производство на акцизно добро, вклучувајќи и незаконско производство, надвор од постапка на акцизно одложување и
  • секој увоз на акцизно добро, вклучувајќи и незаконски увоз, доколку акцизното добро веднаш по увозот не е ставено во постапка на акцизно одложување.

Акцизен обврзник

Акцизен обврзник е секое лице кое има обврска да плати акциза во случаите на:

  • пуштање на акцизните добра од постапка на акцизно одложување
  • чување на акцизни добра
  • производство на акцизни добра
  • увоз на акцизни добра
  • користење на акцизните добра спротивно на целта за која е издадено одобрението за повластен корисник на акцизни добра
  • губење или кусок на акцизни добра во акцизен склад или место на повластено користење ако имателот на одобрението не може да докаже дека губењето или кусокот е непосредно поврзано со природата на акцизното добро или настанале како резултат на непредвидливи околности или виша сила;
  • зголемување на акцизата на алкохол
  • зголемување на акцизата и/или зголемување на малопродажната цена на тутунските производи и
  • зголемување на акцизата на енергентите и електричната енергија

Доколку повеќе лица се одговорни за плаќање на акцизата, за плаќањето одговараат солидарно

Акцизниот обврзник кој има намера да врши дејност поврзана со акцизни добра се регистрира во електронски Регистар на акцизни обврзници, кој се води од страна на Царинската управа.

Царинската управа ги води следните електронски регистри:

Регистар на акцизни дозволи состојба 30.04.2022

Регистар на одобренија за акцизни обврзници на електрична енергија 30.04.2022

Регистар на одобренија за земјоделци - мали производители на жестоки алкохолни пијалаци состојба 30.04.2022

Регистар на одобренија за мали производители на пиво вино етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци состојба 30.04.2022

Регистар на одобренија за повластени корисници на акцизни добра состојба 30.04.2022

Регистар на одобренија за корисници на акцизни марки-состојба 15.03.2022

Износ на акциза на алкохол и алкохолни пијалци

Опис Износ на акциза Единица мерка
Пиво 4 денари 1% волуменски удел на чист алкохол содржан во еден литар готов производ
Непенливо вино 0 денари
Пенливо вино 0 денари
Други пенливи ферментирани пијалаци 0 денари
Други непенливи ферментирани пијалаци 0 денари
Меѓупроизводи со содржина на алкохол < 15% 33 денари литар
Меѓупроизводи со содржина на алкохол 15% >  55 денари литар
Етил алкохол и жестоки пијалаци 340 денари литар измерен на температура од 20°C

Акциза кај мали независни пиварници

За пивото произведено кај мала независна пиварница кое се пушта во промет на акцизното подрачје малата независна пиварница има право на враќање на платената акциза во зависност од вкупното годишно производство и тоа:

Годишно производство Износ за враќање
До 50.000 литри 50% од платената акциза
До 75.000 литри 40% од платената акциза
До 100.000 литри 30% од платената акциза
До 150.000 литри 20% од платената акциза

Акциза кај мал независен производител на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци

Акцизата на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци кои ги произведува мал независен производител на етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци (мала дестилерија) се плаќа во износ од 50% од пропишаната акциза од член 58 став (5) од Законот за акцизите.

Акциза кај земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци

На произведената количина на литар жесток алкохолен пијалак под услов годишното производство да не ја надминува количината од 2500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45%, во распон од +/- 5% алкохол, земјоделците плаќаат акциза во следните износи:

  • 0,00 (нула) денари во првата година;
  • 10,00 денари во втората година;
  • 20,00 денари во третата година и
  • 30,00 денари од четвртата година па натаму сметано од 01.01.2020 година

Износи на акциза на тутунски производи

Опис Единица мерка Специфична акциза Акциза по вредност (ad valorem) од малопродажна цена
Цигари парче 2,853 денари* 9%
Пури парче 21,37 денари 0%
Цигарилоси парче 10,00 денари 0%
Тутун за пушење (фино сецкан) килограм 2050,00 денари 0%
Друг тутун за пушење и тутун за наргиле килограм 2050,00 денари 0%
Тутун за шмркање и тутун за џвакање килограм 2050,00 денари 0%
Несогорлив тутунски производ килограм 3150,00 денари 0%
Течност за електронска цигара милилитар волумен 2,60 денари

Објавување на малопродажна цена на тутунски производи

Производителот или увозникот се должни малопродажната цена на тутунските производи да ја пријават кај надлежниот царински орган во рок од 15 дена пред првото пуштање во промет на тутунските производи или пред промената на малопродажната цена. Надлежниот царински орган води посебен електронски Регистар за објавените малопродажни цени. Производителот или увозникот се должни малопродажната цена на тутунските производи да ја објават во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна еден ден пред првото пуштање во промет на тутунските производи или пред промената на малопродажната цена. Пуштањето во промет на тутунски производи пред пријавувањето на новата малопродажна цена кај надлежниот царински орган и објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, како и под и над пријавената малопродажна цена не е дозволено.

Во случај на недозволено зголемување на малопродажната цена на цигарите над пријавената кај надлежниот царински орган настанува акциза во висина на разликата на акцизниот долг пред и после зголемувањето на малопродажната цена. Акцизен должник е трговецот и акцизата се плаќа веднаш.

Износ на акциза за енергенти и електрична енергија:

Опис Износ на акциза Единица мерка
Моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 грама на литар и авиобензин 22,00 денари литар
Безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар 22,00 денари литар
Дизел гориво (гасно масло)
  • како погонско гориво
  • како гориво за греење
15,50 денари литар
Течен нафтен гас и метан 0 денари килограм
Керозин
  • како погонско гориво
  • како гориво за греење
11 денари

2,20 денари

литар
Масло за ложење (мазут) 0,100 денари килограм
Нафтен кокс 84,6 денари гигаџул
Природен гас 0 денари нормален кубен метар
Јаглен, кокс и лигнит 0 денари гигаџул
Електрична енергија 0 денари мегават час
Биогорива 0 денари килограм
Масла за подмачкување 7 денари килограм
Препарати за подмачкување (синтетички) 22 денари килограм

потребата на енергенти за греење се однесува за сите случаи кога енергентите согоруваат и се ослободува топлинска енергија без оглед на намената на потрошувачката на ослободената топлинска енергија.

Износи на акциза на одделни нафтени деривати кои се применуваат од 05.10.2021 година

Опис на стока Износ на акциза Валута Единица мерка
Моторен бензин
ЕУРОСУПЕР БС 95
22,00 денари литар
Моторен бензин
ЕУРОСУПЕР БС 95
22,00 денари литар
Моторен бензин
ЕУРОСУПЕР БС 95
15,50 денари литар
Моторен бензин
ЕУРОСУПЕР БС 95
15,50 денари литар
Моторен бензин
ЕУРОСУПЕР БС 95
0,100 денари килограм