Факти за проектот:
Цел: обезедување усогласеност со барањата на ЕУ и проверка на соодветноста на интерфејсите и интероперативноста помеѓу Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) со Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС), Интегрираната тарифна околина (ITE), Системот за контрола на увозот (ICS), Системот за контрола на извозот (ECS) и Контролниот систем за движењето на акцизи (EMCS) на ЕУ.
Времетраење: 12 месеци (почеток октомври 2015 г. завршување октомври 2016 г.)
Вредност: 0,15 милиони евра
Резултат: Подготовена Детална анализа на идните барања за интероперабилност на ЕУ за СОЦДАД; Подготовка на Стратегија за тестирање, сценарија за тестирање и спроведено тестирање за исполнување на барањата за интерконекција на СОЦДАД со другите ИТ системи на Царина, следење на напредокот на имплементацијата на препораките за исполнување на барањата и известување за исполнувањето на барањата и препорачување на чекори за исполнување на барањата.