Проект „Зајакнување на капацитетот на Царинската управа”
Проектот „Зајакнување на капацитетот на Царинската управа” за исполнување на условите на ЕУ за интегрирана тарифна околина на ЕУ (CITE) за приближување на Република Македонија кон заедничкиот пазар на ЕУ и Царинската унија, кој се состоеше од 3 компоненти:
- „Развој на системите за Интегрирана тарифна околина“,
- „Поддршка во управувањето со системите за Интегрирана тарифна околина“ и
- „Набавка на опрема за зајакнување на оперативните капацитети на царинската управа”
Целта на проектот е зајакнување на оперативниот капацитет на Царинската управа согласно стандардите на ЕУ во клучните царински и даночни области на Царинската тарифа на Европската заедница и обезбедување целосна компатибилност и интероперабилност на царинските ИТ системи со соодветните системи за интероперабилност на царината на ЕУ (TARIC, Европската задолжителна тарифна информација (EBTI), квота, надзор, Европскиот царински попис на хемиски супстанции (ECICS).
Факти за проектот:
Цел: Обезедување целосна компатибилност и интероперабилност на компјутерскиот систем на Царинската управа со царинските компјутерски системи на ЕУ. Во рамки на проектот имплементирани се следните системи: тарифниот систем на ЕУ, задолжителни тарифни информации на ЕУ, распределба на царински квоти, надзор на стоки, како и на Европскиот царински систем за попис на хемиски супстанци. Набавена и ставена во функција и соодветна компјутерска опрема.
Времетраење: 24 месеци (почеток ноември 2012 г, завршување октомври 2014г. )
Вредност: 2,8 милион евра
Резултат: Воведен бизнис концепт „Интегрирана тарифна околина (ИТО)”, со цел да се приближи кон заедничкиот европски пазар и Царинската унија на ЕУ. Овој концепт претставува групирање на сите податоци за увозни, извозни и транзитни постапки во повеќе комјутерски системи преку кои е овозможена размена на информации помеѓу ЕК и земјите члнки на ЕУ. Овие податоци се обработуваат во соодветни модули на системот: пресметка на царински давачки, квоти, систем за надзор, задолжителни тарифни информации, попис на хемиски супстанци, што на економските оператори им овозможува поефикасно и поефтино работење преку онлајн пристап до потребните информации, пресметка на давачките и да идентификација на потребните документи. Ова значи поедноставен, побрз и потранспарентен пристап до информации, што ќе има позитивно влијание на нивната секојдневна работа. По пристапување во ЕУ, ќе се овозможи примена на мерките на ЕУ преку истиот систем, што ќе се овозможи унифицираната примена на царинските мерки, поголема транспарентност и поразбирливи информации, поголема ефикасност во севкупното царинско работење и поголема стручност и поквалитетна услуга од страна на царинските службеници