Трговски марки
Со трговска марка се штити знак кој може графички да се прикаже и кој е подобен за разликување на стоките или услугите на еден учесник во прометот од стоките или услугите на друг учесник во прометот. Со трговска марка се штитат знаци подобни за разликување како што се: зборови, букви, бројки, слики, цртежи, комбинации на бои, тродимензионални форми, вклучително и форми на стоките или нивните пакувања, како и комбинациите на сите напред наведени знаци. Kога во царинска постапка ќе се појави стока за која постои основано сомневање дека повредува право на некоја трговска марка, Царинската управа привремено ќе ја задржи и ќе води постапка за утврдување на оригиналноста на истата.
Напоменуваме дека Царинската управа нема надлежност да постапува во случаите на „паралелен увоз“, односно кога економски оператор кој нема договор за дистрибуција или застапништво увезува оригинални производи.
Барање за преземање на царински дејствија
Барање за продолжување на периoдот за преземање на царински дејствија
Барање за уништување на стоката