Енергенти и електрична енергија

Акцизна основица

Акцизната основица за енергенти е количината на енергенти изразена во килограми нето маса, нормални кубни метри, литри, или гигаџули бруто калориска вредност, освен за електричната енергија каде акцизната основа е количината изразена во мегават часови. Литар е литар измерен на температура од +15°C, додека нормален кубен метар е нормален кубен метар измерен на +20°C и под притисок од 1,01325 бари.

Износи на акциза

Опис Износ на акциза Единица мерка
Моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 грама на литар и авиобензин 24,396 денари литар
Безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар 21,692 денари литар
Дизел гориво (гасно масло)
- како погонско гориво
- како гориво за греење

18,121 денари
18,121 денари

литар
литар
Течен нафтен гас и метан 4,9 денари килограм
Керозин
- како погонско гориво
- како гориво за греење

11 денари
2,20 денари

литар
литар
Масло за ложење (мазут) 0,100 денари килограм
Нафтен кокс 84,6 денари гигаџул
Природен гас 0 денари нормален кубен метар
Јаглен, кокс и лигнит 0 денари гигаџул
Електрична енергија 0 денари мегават час
Биогорива 0 денари килограм

Акциза на масла и препарати за подмачкување

Акциза на масла за подмачкување од тарифните ознаки 2710 12 90 00,2710 19 81 00, 2710 19 83 00, 2710 19 85 00, 2710 19 87 00, 2710 19 91 00, 2710 20 90 00, 2710 20 93 00 и 2710 20 99 00изнесува 7,00 денари за килограм.

Акциза за препаратите за подмачкување од тарифните ознаки 3403 19 10 00, 3403 19 2000, 3403 19 80 00 и 3403 99 00 00 изнесува 22,00 денари за килограм