EXIM

EXIM e електронски систем кој го користат 16 институции кои имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење и претставува едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти.

EXIM овозможува пребарување според тарифниот број на стоката и добивање информации за тоа кои дозволи се потребни за увоз, извоз или транзит преку користење на опцијата Пребарување. Преку опцијата Тарифни квоти, под Пропишани количини на тарифни квоти, деловната заедница може да се информира за тоа кои тарифни квоти и од кои земји се достапни за распределба.

EXIM овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции. Преку системот, подносителите можат да го следат статусот на процесирање на нивните барања, се до нивното конечно издавање.

Повеќе информации околу постапката за поднесување на барањата и издавањето на дозволите опфатени во EXIM, економските оператори можат да добијат на веб страниците на институциите

Што се добива со имплементацијата на EXIM?

  • Достапност на услугата 24 часа, 7 дена во неделата
  • Заштеда на време и трошоци за компаниите поради електронското поднесување на барањата
  • Зголемување на ефикасноста на процесот за издавање на дозволите
  • Стандардизирани и хармонизирани податоци во барањата кои во иднина ќе овозможат посеопфатна размена на податоците
  • Електронско следење на искористеноста на дозволитеЕлектронско поднесување на барања и транспарентна електронска распределба на тарифните квоти
  • Електронско поднесување на барања и транспарентна електронска распределба на тарифните квоти