Нормален мод Вечерен мод Големина на текст T
Царинската тарифа е клучен инструмент со кој се врши правилно распоредување на стоки при увоз или извоз, со одредување на тарифен подброј за таа стока согласно Законот за Царинската тарифа чиј составен дел е истата, како и согласно прописите донесени врз основа на овој закон.
Номенклатурата на Царинската тарифа е усогласена со Номенклатурата на Хармонизираниот Систем на Светска царинска организација и Комбинираната номенклатура на Европската Заедница.
Царинската тарифа секоја година се усогласува и менува согласно измените на Комбинираната номенклатура на Европската Унија. За ваквото усогласување, Владата на Република Северна Македонија донесува Одлука за усогласување и менување на Царинската тарифа еднаш годишно и истата се применува од 1 јануари следната година. Усогласувањата се однесуваат на системот на имиња на стоката, системот на нумеричко означување, единечните мерки, како и забелешките кон соодветните Оддели и Глави. Царинските давачки се определени со Законот за Царинска тарифа.
Регулативите за распоредување на одредени видови на стоки усвоени од страна на Европската Комисија објавени во „Службен весник на Европската Унија“ се транспонираат во националното законодавство преку донесување на уредба од страна на Владата на Република Северна Македонија. Уредбите се објавуваат квартално во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и задолжително се применуваат при распоредување на стоките. Подолу е дадена табела по тарифни ознаки, број на регулатива, број на уредба на усвојување и вид на стока:
Уредби на усвојување на Регулативите на Европската Комисија за распоредување на одредени видови на стоки објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“
Список на стоки распоредени во согласност со уредбите на Европската унија, објавени во Службен весник на Република Северна Македонија
Насока за распоредување на компјутери и софтвер согласно Царинската тарифа
Насока за распоредување на четирицикли - ATV моторни возила (за сите терени) согласно Царинската тарифа
Насока за распоредување на комбинирани моторни возила за превоз на лица и стоки од тарифните броеви 8703 и 8704 на Царинската тарифа
Насока за распоредување на тутун и тутунски добра
Насока за распоредување на ферментирани и неферментирани мешани пијалаци
Насока за распоредување на тротинети и самоуправувачки транспортер согласно Царинската тарифа
Насока за распоредување на чај и кафе и препарати врз база на нив согласно Царинската тарифа
Препорака на СЦО за тарифно распоредување на медицински производи поврзани со COVID-19
Препорака на СЦО за тарифно распоредување на вакцини и релативните материјали и опрема
Упатство за примена на Царинска тарифа во царинска постапка