Сектори

Царинската управа својата надлежност ја извршува преку основни и внатрешни организациони облици.

Основни организациони облици се: Сектори и Царинарници.

Внатрешни организациони облици се: одделенија, служби, царински испостави и отсеци.

Царинска управа организациски е поделена на 5 царинарници, 11 сектори и 2 независни одделенија.

СЕКТОР ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ

Секторот за професионална одговорност врши работи кои се однесуваат на контрола во организационите единици на Царинската управа во врска со пропишаните постапки и надлежности во согласност со Закон, подзаконски акти и оперативни инструкции, работни задачи, права и одговорности. Секторот има превентивно делување, откривање и елиминирање на корупција, непрофесионално однесување, неправилно раководење, злоупотреби, измами и причинети штети.

Своите надлежности Секторот ги реализира преку:

  • Одделение за внатрешна контрола;
  • Одделение за внатрешни истраги.
  • Одделение за интегритет.

СЕКТОР ЗА ЦАРИНСКИ СИСТЕМ

Секторот  за царински систем врши работи кои се однесуваат на следење и анализирање на царинските, даночните, надворешно - трговските, девизните и другите прописи кои се применуваат во царинската постапка, градење на царинскиот систем и политика; подготвување нацрти на прописи, подготвување оперативни упатства за постапување на царинските органи при примената на прописите во царинската постапка, изготвување одобренија и решенија за постапки со економски ефект и поедноставени постапки, соработка со други органи и организации за прашања од примена на прописите во царинската постапка, учествување во меѓународни преговори од областа на царинското работење.

Своите надлежности Секторот ги реализира преку:

  • Одделение за царински и даночни постапки;
  • Одделение за гранични и транзитни формалности;
    • Служба за гранични и транзитни формалности:
    • Служба за испитна постапка и наплата на царински долг во транзит
  • Одделение за царинска тарифа, потекло и царинска вредност на стока;
    • Служба за царинска тарифа ;
    • Служба за потекло и царинска вредност на стока.
  • Одделение за интегрирана тарифа –Тарим
  • Одделение за царинска лабораторија

СЕКТОР ЗА АКЦИЗИ

Секторот за акцизи врши работи кои се однесуваат на спроведување на целокупната постапка за наплата на акцизи за тутунски производи, алкохол и алкохолни пијалаци и енергенти и електрична енергија, како и данокот на моторни возила во внатрешниот промет, следење и контролирање на  наплатата на акцизите и данокот на моторни возила, давање насоки и стручна помош на организациони единици  во Царинската управа и надворешни институции од надлежност на секторот, подготвување и учествување во изработувањето нацрти и предлог закони и други општи акти кои органите на царинската служба ги применуваат во акцизната и царинската постапка, соработка со стопанските субјекти и пошироката јавност и нивно навремено информирање, следење на прописите на Европската заедница и учествување во прилагодување на националното законодавство со прописите на Европската заедница, учествување во стручно образование на царинските службеници и другите учесници во акцизната и царинската постапка, следење и анализирање на прописи од областа на интелектуална сопственост, нетарифните мерки и мерките на девизно и трговско работење, кои се применуваат во царинската постапка.

Своите надлежности Секторот ги реализира преку:

  • Oдделение за алкохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи,
  • Одделение за енергенти и електрична енергија и моторни возила,
  • Одделение за акцизни дозволи и одобренија,
  • Служба за координација и врски (ЕМСS); Одделение за надзор, проверка и координација
    • Служба за надзор, проверка и аналитика
  • Одделение за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост
    • Служба за нетарифни мерки и
    • Служба за заштита на правата од интелектуална сопственост.

СЕКТОР ЗА КОНТРОЛА И ИСТРАГИ

Секторот за контрола и истраги врши работи  кои се однесуваат на спроведување мерки и активности за откривање и криминалистичко истражување на кривични дела, спречување на натамошни последици на кривични дела, фаќање и пријавување на нивните сторители, планирање и организирање активности од областа на финансискиот криминал, преземање мерки и активности за пронаоѓање и идентификување на незаконски стекнат имот, криминалните приноси кои се предмет на перење пари и друг имот према кој треба да се преземат мерки за привремено обезбедување, како и предлагање мерки за времено одземање (конфискација) на имотна корист стекната со казниво дело и обезбедување на докази како дел од правосудната полиција. Секторот за контрола и истраги врши дополнителна контрола на трговски друштва и трговци поединци преку проверка на постоење, веродостојност и точност на документите, преглед на деловни книги и други евиденции, преглед на стока, земање на мостри и спроведување на службени постапки и други слични дејствија во поглед на запазување на царинските прописи и на други прописи кои важат за стока која е предмет на царинските постапки за пуштање на стока во слободен промет, транзит, извоз, увоз за облагородување, преработка под царинска контрола, привремен увоз, извоз за облагородување, царинско складирање, поедноставени постапки, повластен тарифен третман за одредена стока заради нејзиниот вид или крајна употреба и други постапки поврзани со Царинскиот закон и врши контрола на овластените царински застапници и врши надворешна контрола на иматели на акцизни дозволи и други одобренија, овластени дистрибутери на акцизни добра, лица кои течниот нафтен гас го употребиле како погонско гориво или како додаток на друго минерално масло како погонско гориво во индустријата и кај други акцизни обврзници утврдени со Законот за акцизи, контрола на прометот и употреба на акцизни добра кај правни лица и надворешна контрола кај обврзници утврдени со Законот за данок на моторни возила.

Одделението дежурен царински центар ги врши работите кои се однесуваат на: планирање и организирање 24 часовно работење на одделението; ,,управување со повици“ управува со пријави (одговара, разгледува, обработува, комуницира, ги известува корисниците за пријавените проблеми); давање поддршка на корисниците на апликациите кои се употребуваат во работата на Царинската управа, соработува и дава поддршка на економските оператори во електронската размена на податоци ,Националниот хелпдеск за Новиот компјутеризиран транзитен систем кој е сместен во ова оделение соработува со Националните хелпдескови од другите земји членки на конвенцијата за заеднички транзит,   управување со системот за видео надзор, снимање и трансмисија и со системот за автоматско препознавање на регистарски таблички; примање информации за нуклеарни, хемиски, биолошки и радиолошки опасности, и оружја за масовно уништување, нивно евалуирање и информирање на одговорните државни институции за натамошно постапување; остварување соработка со организационите единици во Царинската управа и државни органи во рамките на надлежноста на одделението при преземање на мерки за надминување на вонредни состојби; логистичка поддршка и координација на СКИ и на царински испостави; во рамките на оделението од 2003 година  функционира отворената  царинска линија 197  на која   се пријавуваат жалби на граѓани за коруптивно и непрофесионално работење кои се анализираат и проследуваат до надлежни служби за постапување. На тој начин се постапува со политиките , стандардите и процедурите кои се составен дел од системот за интегритет и се зајакнува отпорноста кон корупцијата и други видови на злоупотреби ;  учествување во процесот на обуки на царинските службеници и корисниците на системите од надворешниот домен и друго.

Своите надлежности Секторот ги реализира преку :

  • Одделение за истраги;
    • Служба за борба против економски криминал;
    • Служба за борба против криумчарење
    • Служба за финансиски истраги;
  • Одделение за разузнавање;
  • Одделение за управување со ризици
    • Служба за управување со ризици;
    • Служба за аналитика и статистика;
  • Одделение за контрола на трговски друштва;
  • Одделение за оперативни работи;
    • Служба за мобилни тимови;
    • Службата за мобилен скенер
  • Оддение дежурен царински центар
    • Служба за координација и операции
    • Служба сервисен центар

СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Секторот за управување на човечки ресурси врши работи кои се однесуваат на подобрување на функционалноста и ефективноста на вработените во Царинската управа и подобрување на организациските капацитети во целост. Обезбедува општа поддршка на сите организациски единици, спроведува функционални анализи и прави организациски промени базирани на стратешките определби на Царинската управа врз основа на што изготвува Правилник за внатрешна организација и работа на Царинска управа и Правилник за систематизација на работни места во Царинска управа .

Од причина што човечките ресурси се највредниот капитал кој една институција може да го има, Секторот за управување со човечки ресурси, планира, управува и ги надгледува активностите поврзани со регрутирање, селектирање, унапредување и распоредување  на вработените со спроведување на еднаков третман кон секој со цел да ја оптимизира  нивната продуктивност и  максимално да ги искористи  нивните капацитети и вештини . Секторот дава консултативни насоки и упатства за најповолни практики за управување со човечките ресурси во специфични ситуации, асистира и координира навремени реакции за потребите на вработените, на нивнo барање и по согледана потреба. Секторот за управување со човечки ресурси спроведува различни програми преку кои го координира спроведувањето на обуки и тренинзи и го насочува развојот на вработените кон остварување на подобри работни резултати на секој вработен во сите организациони единици, а со тоа и на Царинската управа во целост.

Истовремено, Секторот за управување на човечи ресурси преку донесените законски и подзаконски акти обезбедува еднаков третман при управувањето со работните перформанси, дисциплинските постапки, евиденција, бенефиции на вработените, управување со ризици, осигурување, класификација на надоместоци и сите останати активности кои се во доменот на секторот.

Своите надлежности  Секторот  ги реализира преку:

Регионален тренинг центар

Мисија

Обука на вработени за потребите на Царинската управа и бизнис заедницата, потребна за регионалната интеграција ЦЕФТА 2006, преку воспоставување на професионални програми за трајна обука со целосна имплементација на професионалните стандарди, препорачани од страна на Светската царинска организација.

Визија

Унапредување на тренинг центарот за постојана професионална обука на царински службеници и претставници на деловната заедница за истиот да прерасне во водечка институција за обуки на теми поврзани со трговски правила и олеснување на трговијата во рамки на мултилатералниот трговски систем, кој целосно ќе се базира на професионалните стандарди на Светската царинска организација за Република Северна Македонија и регионот на ЦЕФТА 2006.

Капацитети на РТЦ

РТЦ се наоѓа на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Факултетот располага со 4 амфитеатри од кои најмалиот е со капацитет од 80 слушатели, додека најголемиот – за 200 слушатели. Има четири комплутерски лаборатории, од кои најмалата има 35 компјутери, а најголемата 75. Факултетот располага и со фонолабораторија и 7 предавални. Сите амфитеатри, компјутерски лаборатории и предавални се опремени со ЛЦД проектори и имаат интернет врска. Факултетот исто така има безжичен интернет во целиот објект. Располага и со две факултетски библиотеки, специјализирана библиотека на Светската банка и Центар за европски податоци и информации. Покрај тоа, факултетот располага и со читална со околу 200 седишта и интернет кафе за студенти.

КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ НА СЦО ЗА РЕГИОН ЕВРОПА

  • КОНТАКТИ

Проф. д-р Ирена Кикеркова
Редовен професор по меѓународна економија и надворешна трговија
Раководител на РТЦ на СЦО во Република Северна Македонија
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје,
Економски Факултет-Скопје,
Бул. “Крсте Мисирков” бб, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
Тел: 2 3 286 860
Факс: 2 3 117 801
E-mail: irena@eccf.ukim.edu.mk

Жаклина Андреска
Началник на одделение за обуки
Царинска управа на Република Северна Македонија
ул. “Лазар Личеноски” бр. 13, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
Тел: 2 3 116 188
Факс:2 3 237 832
E-mail: zaklina.andreska@customs.gov.mk

Маријана Цветковска, (административен координатор)
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје,
Економски Факултет-Скопје,
Бул. “Крсте Мисирков” бб, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
Тел: 2 3 286 835
Факс: 2 3 117 801
E-mail: MarijanaSekulovska@eccf.ukim.edu.mk

СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА

Секторот за финансиски прашања врши работи кои се однесуваат на координирање на воспоставувањето и развој на системот финансиското управување и контрола (следење на целосното и навремено прибирање на сопствените приходи, навременото плаќање на расходите во согласност со процедурите за преземање на обврски и извршување на плаќања, следење на усогласеноста на извршувањето на буџетот во целост или за одделни буџетски ставки со процедурите донесени од раководителот на субјектот и/или министерот за финансии, следење на буџетското и финансиското известување, подготвување на предлог буџетот за наредната година и повеќегодишните проекции поврзани со буџетот и слично), како и наплата на увозни и извозни давачки согласно Царинскиот закон (водење на евиденција на царински обврзници, следење на финансиските задолжувања на царинските обврзници за навремено плаќање на обврските по основ на царински долг, одобрување и впаричување на инструментите за обезбедување на царински долг, присилна наплата на ненаплатените приходи, како и анализа на остварените приходи од увоз).

Своите надлежности  Секторот ги реализира преку :

  • Одделение за сметководство и плаќања;
    • Служба за сметководство;
    • Служба за плаќања;
  • Одделение за буџетска координација и контрола;
    • Служба за буџетска координација;
    • Служба за буџетска контрола;
  • Одделение за наплата на приходи;
    • Служба за гаранции;
    • Служба за наплата на приходи;
    • Служба за присилна наплата.

СЕКТОР ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ И ТЕХНИЧКИ РАБОТИ

Секторот за административни и технички работи врши работите кои се однесуваат на обезбедување на објектите, вработените, возниот парк и другиот имот на Царинската управа;  контрола на прием, движење и евидентирање на странки; преземање на мерки за безбедност и здравје при работа; одржување и користење на возниот парк; инвестиции и изградба на објекти; спроведување на постапки согласно Законот за користење и располагање со стварите на државните органи; изградба на нови објекти; санација, доградба, реконструкција на постојните објекти; стопанисување со граничните премини и грижа за одржување на објекти односно инфраструктурата на Царинската управа; спроведување на постапките за јавни набавки согласно со Законот за јавни набавки, предавање на одземената стока во Агенцијата за управување со одземен имот и слично.

Своите надлежности Секторот ги реализира преку :

  • Одделение за јавни набавки
  • Одделение за безбедност, заштита при работа и возен парк
  • Одделение за инвестиции, имплементација на проекти и одржување
  • Одделение за управување со гранични премини
    • Служба за управување со гранични премини
  • Одделение за материјално работење, основни средства и одземена и остапена стока

СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

Секторот за правни работи одлучува, како првостепен орган во царинскo управна и прекршочна постапка, како и ја застапува Царинска управа во кривична постапка и имотно правни спорови пред надлежните судови во кои Царинската управа има својство на странка, а воедно Секторот е надлежен за вложување на редовни и вонредни правни лекови против донесените одлуки на основните судови и управните судови во посочените постапки. Секторот постапува со документарниот материјал согласно законските прописи.

Своите надлежности Секторот ги реализира преку :

  • Одделение за правни работи, застапување пред судовите и управна постапка
  • Служба за правни работи
  • Служба за застапување пред судовите
  • Служба за управна постапка
  • Одделение за прекршочна постапка
  • Одделение за канцелариско и архивско работење

СЕКТОР ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

Секторот за информатички и комуникациски технологии врши работи кои се однесуваат на планирање, развој, имплементација и одржување на ИКТ системите, управување со животниот циклус на апликациите, управување со ИКТ услугите и воведување на нови технологии. Дефинира и спроведува политики за ИТ безбедност и права на пристап на ИКТ системите. Организира размена на податоци со државни институции и царински управи на други земји, спроведува активности за складирање, чување и одржување на податоци.

Своите надлежности Секторот ги реализира преку:

  • Одделение за ИКТ инфраструктура и безбедност
    • Служба за ИКТ инфраструктура
    • Служба за ИКТ контрола и безбедност
  • Одделение за апликативна поддршка
    • Служба за управување со апликации
    • Служба за корисничка поддршка
  • Одделение за програмирање, податочно складирање и развој
    • Служба за програмирање и податочно складирање
    • Служба за развој

ОДДЕЛЕНИЕ КАБИНЕТ НА ДИРЕКТОРОТ

Одделение кабинет на директорот врши обединување на функциите на внатрешните организациони единици со цел координирање, организирање, следење и насочување на нивните активности и унапредување на меѓусебната соработка, со што се обезбедува поддршка на работата на директорот и заменик директорот на Царинската управа. Одделението врши работи кои се однесуваат на организациски и технички карактер, протокол, координација, подготвување на информации за јавноста и за средствата за јавно информирање.

Своите надлежности Одделението ги реализира преку:

  • Служба за односи со јавност
  • Служба за кореспонденција и организациски работи

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА

Одделението за внатрешна ревизија врши работи кои се однесуваат на планирање, организирање и спроведување на внатрешни ревизии, согласно законските прописи, меѓународните стандарди за внатрешна ревизија и воспоставените ревизорски политики на Министерството за финансии, како и упатствата за работа и повелбата на Одделението за внатрешна ревизија.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА, ПРОЕКТИ И ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА

Секторот за меѓународна соработка и европска интеграција, проекти и стратешко планирање, врши работи кои се однесуваат на иницирање, следење и координација на меѓународната царинска соработка во рамките на службата, координирање на соработката со Светската царинска организација, Светската трговска организација, Светската Банка, Европската Комисија, дипломатски и конзуларни претставништва и останатите меѓународни организации и институции;подготовка на материјали за следење на преземените обврски и дадените препораки, кои произлегуваат од процесот на европската интеграција, а се во надлежност на Царинската управа;усогласување на стратешките цели и приоритети на Царинската управа согласно приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, изработка, следење и анализа на реализација на Стратешкиот план на Царинската управа;учество во програмирање, подготовканатендерскадокументација, мониторирање на имплементацијата и координација на останатите активности во соработка со другите организациони единици во Царинската управа или други надворешни надлежни тела/органи, во врска со реализацијата на проектите финансирани од ИПА програмите или друга странска помош;организирање на услуги за превод на стручна документација за потребите на Царинската управа.

Своите надлежности Секторот ги реализира преку:

  • Одделение за меѓународна соработка и европска интеграција;
    • Служба за меѓународна соработка и европска интеграција;
    • Служба за превод;
  • Одделение за проекти и стратешко планирање;
    • Служба за проекти;
    • Служба за стратешко планирање.

ОДДЕЛЕНИЕ ДЕЖУРЕН ЦАРИНСКИ ЦЕНТАР

Секторот врши работи кои се однесуваат на планирање, организирање и спроведување на посебни истражни мерки предвидени во Законот за кривична постапка и превзема активности за обезбедување на докази кои поинаку неможе да се обезбедат а се неопходни за непречено водење на кривична постапка, врши криминалистичко истражување на кривични дела, спречување на натамошни последици од кривични дела, пријавување на нивните сторители и обезбедување на докази како дел од правосудната полиција;

Своите надлежности Секторот ги реализира преку:

  • Одделение за посебни истражни мерки;
    • Служба за маркирање;
    • Служба за репродуценти;
    • Служба за техничка обработка на посебни истражни мерки
  • Одделение за следење набљудување и документирање
    • Служба за следење и набљудување
    • Служба за техничка поддршка