Проектот „Зајакнување на оперативни и институционални капацитети на Царинската управа“ е составен од 2 компоненти:
- Твининг проект „Зајакнување на оперативни и институционални капацитети на Царинската управа“ со твининг партнери: Агенција за Европска интеграција и економски развоји Федералното министерство за финансии на Австрија, Министерство за финансии на Литванија
- Набавка на лабораториска опрема за Царинската управа
Општата цел на проектот е дополнително зајакнување на административниот капацитет на Царинската управа и нејзиниот капацитет за спроведување на законодавството на ЕУ и реформите за исполнување на барањата на ЕУ во областа Царина и доближување на земјата до пазарот на ЕУ и Царинската унија. Развојот на ефективни и ефикасни контроли (вклучувајќи и контроли по царинење) и ревизии на ЦУРМ ќе овозможи институцијата да ги спроведува своите задачи (царинење и контрола на стоки, наплата на приходи, заштита на границите и безбедност и сигурност на граѓаните) и натамошно олеснување на трговијата преку одржување рамнотежа помеѓу олеснувањето на трговијата и ефикасната царинска контрола.
Конкретна цел: Зголемување на ефикасноста при откривање и спречување на царински измами преку поефикасни и таргетирани контроли, засилување на капацитетите за контроли по царинење, примена на современи лаборатори- ски методи и средства, олеснување на трговијата преку усовршување на анализата на ризик согласно стандардите на ЕУ и обезбедување на опрема за царинска лабораторија.
Времетраење: 21 месец (почеток : септември 2017 година)
Вредност: 1,6 милиони евра (твининг) +0,4 милиони евра (опрема за лабораторија)