Обезбедување на континуитет на деловните процеси во Царинската управа и зачувување на податоците преку консолидација на ИКТ системите и воспоставуање на заеднички Податочен центар во случај на криза и природни непогоди („Disaster Recovery Centre“)
Обезбедување на континуитет на деловните процеси во Царинската управа и зачувување на податоците преку консолидација на ИКТ системите и воспоставуање на заеднички Податочен центар во случај на криза и природни непогоди („Disaster Recovery Centre“), како дел од Програмата за управување со јавните финансии
Факти за проектот:
Цел: Проектот има за цел зајакнување на оперативните капацитети за наплата на деловните процеси преку модернизирање на царинските информациски и комуникациски систем (хардвер, софтвер и техничка поддршка за обезбедување квалитет и имплементација). Со проектот е обезбедена опрема неопходна за формирање на Податочен центар во случај на криза и природни непогоди, со цел да се обезбеди целосна резервна копија на податоците и деловните процеси на Царинската управа.
Времетраење: 2021 - 2022 Вредност: 1.6 милиони евра
Резултат: Воспоставен заеднички податочен центар во случај на криза и природни непогоди