Предмет на оданочување со акциза
Акцизни добра кои се подлежни на плаќање на акцизa на акцизното подрачје на Република Северна Македонија се следните производи:
- алкохол и алкохолни пијалaци;
- тутунски производи и
- енергенти и електрична енергија.
Овие производи се подлежни на акциза со нивното производство или со нивниот увоз на акцизното подрачје и со нивното внесување на акцизното подрачје.
Царинската управа е единствен надлежен орган за администрирање на акцизите на целото акцизно подрачје, како и за спроведување контроли над имателите на акцизни дозволи и одобрениеја за повластен корисник, како и над учесниците во трговски операции кои вклучуваат промет со акцизни добра.