Ослободување од акциза за алкохол и алкохолни пијалоци
Етил алкохолот и алкохолните пијалаци се ослободени од плаќање акциза, врз основа на одобрение за повластен корисник согласно од членовите 49 и 50 од Законот за акцизите за:
- етил алкохол кој се користи за производство на оцет во смисла на тарифниотброј 2209 од Номенклатурата на Царинската тарифа
- етил алкохол кој се користи за производство и подготовка на лекови;
- етил алкохол кој се користи за медицински цели во болници, амбуланти иаптеки
- етил алкохол и алкохолни пијалаци кои се користат за производство на ароми за прехрамбенипроизводи и безалкохолни пијалаци со содржина на алкохол однајмногу 1,2% вол.;
- етил алкохол и алкохолни пијалаци кои се користат непосредно или како составен дел на полуготовипроизводи за производство на прехрамбени производи, пралини или во некоја друга форма, при што содржината на етил алкохолот кај пралините не смее да јанадминува количината од 8,5 литри чист алкохол на 100 килограми производ, акај другите производи освен пралини не смее да надмине количината од 5 литри чист алкохол на 100 кгпроизвод;
- етил алкохол кој се користи во процес на конзервирање и пакување во прехрамбената индустрија;
- етил алкохол кој се користи за научно истражувачка дејност или за образовни потреби на факултети, институти и други научни институции во научни или образовни цели;
- целосно денатуриран етил алкохол, кој е денатуриран со пропишани средства за денатурирање;
- целосно денатуриран етил алкохол кој се увезува во Република Македонија од трети земји, под услов да е целосно денатуриран со средства кои се пропишани во Република Македонија;
- целосно денатуриран етил алкохол, кој е денатуриран со средства за денатурирање пропишани во други земји-членки, а кои се опфатени со Регулативата на Комисијата (EЗ) Бр. 3199/93 за заемно признавање на процедури за целосно денатурирање на алкохол со цел акцизно ослободување;
- целосно денатуриран етил алкохол кој е наменет за производство или преработка на производи неподобни за човечка употреба;
- делумно денатуриран етил алкохол кој е наменет за производство или преработка на производи неподобни за човечка употреба и
- етил алкохол кога се користи во производни процеси во количина пропишана со нормативите за производство под услов крајниот производ да не содржи алкохол.