При утврдување на декларација, добивам К број но потоа сум на чекај или ме исфрла.Што да направам?
Проблем со стартуван print job во асикудата:
Кога во MODCBR се пробува да се утврди декларација се добива К број но после тоа кога треба да се оди на друга декларација држи асикудата на чекај и никогаш тоа чекај не завршува или исфрла асикудата.
После испитување на цел случај од страна на ИКТ е утврдено дека цариникот има кликнато Принтање во MODACC . Принтањето како query асикудата го памти цело време и смета на меморијата кога се оди во MODCBR на промена од една на друга декларација .
Најпрво неопходно е да се избришат фајловите од My Computer/Local Disc C/ASY/PRM и фајловите од C:\ASY\SYS\TMP , доколку има и некои фајлови кои завршуваат и со екстензија .DSK се бришат и тие.
1. Потоа се влегува во MODCBR на тој компјутер во H – Options – Printers - Setup :
2. Потоа во Setup се брише со Delete дефинираниот принтер
3. Потоа се отвора било која декларација
4. Ја отвараме декларацијата S100, на пример или која било друга:
5. Со десен клик на отворена декларација се оди на Printout
6. Во овој екран се штиклирани Declaration Draft и Assessment notice и Automatic printout
7. Ги дештиклираме тие три опции или сите ако се штиклирани треба да се дештиклирани.