Ослободување од плаќање акциза и повластено користење на акцизни добра

Ослободување од акциза за алкохол и алкохолни пијалоци

Етил алкохолот и алкохолните пијалаци се ослободени од плаќање акциза, врз основа на одобрение за повластен корисник согласно од членовите 49 и 50 од Законот за акцизите за:

  • етил алкохол кој се користи за производство на оцет во смисла на тарифниотброј 2209 од Номенклатурата на Царинската тарифа
  • етил алкохол кој се користи за производство и подготовка на лекови;
  • етил алкохол кој се користи за медицински цели во болници, амбуланти иаптеки
  • етил алкохол и алкохолни пијалаци кои се користат за производство на ароми за прехрамбенипроизводи и безалкохолни пијалаци со содржина на алкохол однајмногу 1,2% вол.;
  • етил алкохол и алкохолни пијалаци кои се користат непосредно или како составен дел на полуготовипроизводи за производство на прехрамбени производи, пралини или во некоја друга форма, при што содржината на етил алкохолот кај пралините не смее да јанадминува количината од 8,5 литри чист алкохол на 100 килограми производ, акај другите производи освен пралини не смее да надмине количината од 5 литри чист алкохол на 100 кгпроизвод;
  • етил алкохол кој се користи во процес на конзервирање и пакување во прехрамбената индустрија;
  • етил алкохол кој се користи за научно истражувачка дејност или за образовни потреби на факултети, институти и други научни институции во научни или образовни цели;
  • целосно денатуриран етил алкохол, кој е денатуриран со пропишани средства за денатурирање;
  • целосно денатуриран етил алкохол кој се увезува во Република Македонија од трети земји, под услов да е целосно денатуриран со средства кои се пропишани во Република Македонија;
  • целосно денатуриран етил алкохол, кој е денатуриран со средства за денатурирање пропишани во други земји-членки, а кои се опфатени со Регулативата на Комисијата (EЗ) Бр. 3199/93 за заемно признавање на процедури за целосно денатурирање на алкохол со цел акцизно ослободување;
  • целосно денатуриран етил алкохол кој е наменет за производство или преработка на производи неподобни за човечка употреба;
  • делумно денатуриран етил алкохол кој е наменет за производство или преработка на производи неподобни за човечка употреба и
  • етил алкохол кога се користи во производни процеси во количина пропишана со нормативите за производство под услов крајниот производ да не содржи алкохол.

Други акцизни ослободувања

Акцизните добра се ослободени од плаќање акциза, кога се користат од страна на држател на акцизен склад или повластен корисник на акцизни добра, по претходна согласност од надлежен царински орган, во случаите кога:

  • се користат како примероци за анализа и тестови при производство или за научно -истражувачки цели;
  • се употребуваат за контрола на квалитетот;
  • се употребуваат за цели на акцизен надзори;
  • се уништуваат под царински надзор.

Акциза на алкохол и алкохолни пијалаци не се плаќа и:

  • За пиво кое е произведено од страна на физичко лице за сопствена потрошувачка и за потрошувачка од страна на членовите на неговото домаќинство или неговите гости под услов да не е наменето за продажба и во количина од 500 литри годишно;
  • За вино и останатите пијалаци добиени со ферментирање кои се произведени од страна на физичко лице за сопствена потрошувачка и за потрошувачка од страна на членовите на неговото домаќинство или неговите гости под услов да не се наменети за продажба и во вкупна количина од 500 литри годишно и
  • За етил алкохол произведен од страна на физичко лице за сопствена потрошувачка и за потрошувачка од страна на членовите на неговото домаќинство или неговите гости под услов да не е наменето за продажба во количина од 200 литри чист алкохол годишно.

Ослободување од акциза енергенти и електрична енергија

Енергентите се ослободени од плаќање на акциза во постапка на повластено користење од член 49 од Законот за акцизите, во случај кога:

  • се користат за други намени, а не како погонско гориво или гориво за греење, со исклучок на енергентите од член 93 од законот;
  • се користат во воздушен сообраќај, со исклучок на користењето во воздушниот сообраќај за приватни намени;
  • ги набавуваат Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи за специјалните возила за целите на одбраната и безбедноста;
  • кога имаат двојна употреба;
  • кога се користат во минеролошки процеси;
  • производителот на енергенти и електрична енергија ги користи во своите производствени погони за понатамошна преработка, односно производство на други енергенти и електрична енергија, освен ако се користат како погонско гориво за возила и
  • се користат за заедничко производство на топлинска и електрична енергија во единствен процес (когенерација).

Под воздушен сообраќај за приватни потреби се подразбира употреба на воздухоплов од страна на неговиот сопственик или од страна на физичко или правно лице преку изнајмување или на друг начин, за некомерцијални цели и не се употребува за превоз на патници или стоки, како и за давање на услуги со надоместок или пак за потребите на државните органи.

Под двојна употреба на енергентите се подразбира нивната употреба како гориво за греење и во исто време за намена која не е како погонско гориво или гориво за греење (употреба на енергенти за хемиско-редукциски, електролитски и металуршки процеси).

Под минеролошки процеси, во смисла на Законот за акцизите се подразбираат процесите кои се распоредуваат во Оддел 23 од Националната класификација на дејности НКД Рев.2 во Република Северна Македонија.

Ослободување од акциза на енергенти при реализација на проекти

Енергентите се ослободени од акциза кога се наменети за реализација на проект финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен помеѓу Република Северна Македонија и странски донатори, ако во тој договор е предвидено дека со добиенитепарични средства нема да се плаќаат даноци.

Енергентите се ослободени од акциза кога се наменети за реализација на проектите кои се финансирани во рамки на инструментот за претпристапна помош (ИПА) кој се спроведува во услови на децентрализирано управување, и за делот на средствата од национално кофинансирање обезбедено од Буџетот на Република Македонија или задолжување.

За остварување на правото за ослободувањето се поднесува барање до надлежниот царински орган за добивање одобрение за ослободување од акциза за енергенти при реализација на проекти.

Враќање на платена акциза за течен нафтен гас

Лицата кои течниот нафтен гас го употребиле како погонско гориво во процес на производство, како и лицата кои течниот нафтен гас го употребиле како додаток на друго минерално масло како погонско гориво во индустријата, имаат право на враќање на акцизата во висина од 80% од пропишаната акциза за погонска намена. Враќањето на акцизата го врши надлежниот царински орган по поднесено барање. Рокот за поднесување на барањето е 12 месеци од денот на набавка или на увоз на течниот нафтен гас.

Други ослободувања од акциза за енергенти

Акциза не се плаќа на енергентите кои се наоѓаат во стандардните резервоари на моторните возила или авионите кои доаѓаат од странство, како и во специјалните контејнери и не се наменети за натамошна продажба и сеослободени од плаќање на царински давачки и данок на додадена вредност во согласност со царинските и даночните прописи.

Под стандардни резервоари се сметаат:

  • резервоари кои производителот трајно ги вградил во моторните возила од ист тип како што е предметното возило и кои овозможуваат непосредно користење на гориво, за погон и за работа на системот за ладење и на другите системи во текот на превозот;
  • резервоари за гас вградени во моторните возила за непосредно користење како гориво и резервоари вградени во друг систем со кој возилото може да биде опремено, се сметаат за стандардни резервоари и
  • резервоари кои производителот трајно ги вградил на специјалните контејнери од ист тип како што е предметниот контејнер и кои овозможуваат горивото за време на превозот да се користи непосредно за работа на системот за ладење и другите системи со кои се опремени специјалните контејнери. Како специјален контејнер се смета секој уред опремен со посебно наменета направа за системот на ладење, системот за довод на кислород, системот на топлинска изолација или друг систем.

Акцизните добра се ослободени од плаќање акциза, кога се користат од страна на држател на акцизен склад или повластен корисник на акцизни добра, по претходна согласност од надлежен царински орган, во случаите кога:

  • се користат како примероци за анализа и тестови при производство или за научно -истражувачки цели;
  • се употребуваат за контрола на квалитетот;
  • се употребуваат за цели на акцизен надзори
  • се уништуваат под царински надзор.

Одобрение за повластен корисник на акцизни добра

Одобрение за повластен корисник на акцизни добра може да добие само лице кое ги исполнува следниве услови:

  • врши или има намера да врши дејност од областа на акцизите и има седиште во Република Македонија;
  • уредно води деловни книги согласно со важечките прописи и редовно поднесува годишни пресметки во последните две години;
  • против кое не е покрената постапка за стечај или ликвидација;
  • да не е осудено со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор за сторено кривично дело од областа на даноците и царините и со правосилна судска одлука да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, привремена забрана за вршење одделна дејност и трајна забрана за вршење одделна дејност;
  • да ги има намирено долговите по основ на даночни и царински обврски;
  • има воспоставено соодветни стандарди за безбедност и сигурност кои се сметаат за исполнети кога барателот докажува дека одржува соодветни мерки кои ја гарантираат безбедноста и сигурноста на областите на физички интегритет и контроли на пристап, логистички процеси и ракување со акцизните добра, вработените и идентификација на неговите деловни партнери;
  • исполнува услови за електронска размена на податоци и
  • поднесе гаранција за обезбедување на акцизниот долг кој може да настане.

Одобрението за повластен корисник на акцизни добра се издава врз основа на поднесено барањеза издавање на одобрение за повластен корисник во компјутерскиот систем на Царинската управа СОЦДАД со придружни документи пропишани во Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

ЛИСТА НА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОВЛАСТЕН КОРИСНИК НА МИНЕРАЛНИ МАСЛА

ЛИСТА НА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОВЛАСТЕН КОРИСНИК ЗА ЕТИЛ АЛКОХОЛ И АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ

ЛИСТА НА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОВЛАСТЕН КОРИСНИК НА НАФТЕН КОКС

Барањето за издавање на одобрение за повластен корисник се поднесува електронски на следниов линк: https://trader.customs.gov.mk/trader-meos-ui/protected/main.htm

Одобрението за повластен корисник на акцизни добра го издава Царинската управа и може да се однесува на едно или повеќе места за повластено користење и вкупна количина за една календарска година.Одобрението се издава со период на важност од пет години, освен ако барателот не побара поинаку.

Обврски на имателот на одобрение повластен корисник на акцизни добра

Имателот на одобрение за повластен корисник на акцизни добра е должен:

  • да ги користи акцизните добра согласно намената за која е издадено одобрението за повластен корисник;
  • да обезбеди соодветно чување на акцизните добра во местото на повластено користење;
  • да ги надгледува и да го известува надлежниот царински орган за сите постапки, вклучувајќи прием, чување и употреба на акцизните добра;
  • да ги констатира загубите, односно кусоците на акцизните добра, како и да проверува дали постојат било какви неправилности во работењето со акцизните добра и истите да ги пријави до надлежниот царински орган;
  • да овозможи непречено вршење на надзор и контрола;
  • да води уредна и точна евиденција и да доставува месечен извештај за набавени, увезени, складирани, пренесени и потрошени акцизни добра по видови и количини за секое место на повластено користење до надлежниот царински орган и
  • да го извести надлежниот царински орган за секоја промена на податоците и условите под кои е издадено одобрението за повластен корисник и да побара негова измена.

Детални информации се објавени тука