Издавање на потврда согласно Закон за трговски друштва
Согласно член 197 став 7 од Законот за трговски друштва сите правни и физички лица за издавање на потврда од Царинска управа, треба да достават
Барање за издавање на потврда согласно член 197 став 7 од Законот за трговски друштва
Истото треба да биде пополнето точно, читливо и целосно.
Кон Барањето за издавање на потврда дека лицето нема доспеан неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки во редовна царинска постапка и во постапка на дополнителна пресметка на давачки, треба да се приложи уплатница за платена административна такса во износ од 50,00 денари.
Административната такса може да се плати и преку СМС порака на бројот 144 166 со следната содржина:
- ТМ_Ime_Prezime_50, за физички лица и
- TM_Naziv na pravnoto lice_50, за правни лица
Барањето се поднесува во архивата на Царинската управа или преку пошта на следната адреса:
Царинска управа на Република Северна Македонија
Сектор за финансиски прашања
Одделение за наплата на приходи
ул. Лазар Личеноски бр.13
1000 Скопје.
Коктакт за дополнителни информации:
e-mail: oddeleniezanaplata@customs.gov.mk или
тел: 02/32 93 945, 02/32 93 946, 02/32 93 979