Фитосанитарна

Фитосанитарна

Царинските службеници, не можат да започнат со постапката за внесување на стока и транзит сé додека фитосанитарниот инспектор не изврши фитосанитарна инспекција на пратките. Царинските службеници го забрануваат внесувањето и му ги предаваат на фитосанитарниот инспектор растенијата, растителните производи и другата стока кои физичко или правно лице се обидело да ги внесе без фитосанитарна контрола.

Доколку се исполнети условите фитосанитарниот инспектор по извршувањето на фитосанитарната инспекција одобрува внесување на пратката.