Преработка под царинска контрола

Со постапката на преработка под царинска контрола се овозможува употреба на странска стока во царинското подрачје, во операции со кои се менува нејзиниот вид или состојба, без да подлежи на плаќање на увозни давачки или мерки на трговската политика и се овозможува пуштање во слободен промет на производи коишто се резултат на такви операции со плаќање увозни давачки кои одговараат за тие производи. Таквите производи се нарекуваат преработени производи.