Проект „Развој на гранична инфраструктура помеѓу Македонија и Грција – Преминуваме граници”

Општата цел на проектот e обезедување одржлив транспорт и подобрување на јавната инфраструктура, а конкретна посебна цел e подобрување на јавната инфраструктура за днамалување на времето на патување во патниот сообраќај, безбедно преминување на границата и промоција на енергетската ефикасност кон „зелен“ транспорт. Во рамки на проектот, предвидени се следните активности:

  • Обезедување ИКТ системи и опрема за да се подобрат услугите и објектите на граничните премини,
  • подобрување на пристапот до граничните премини и мобилноста со определени мали инфраструктурни интервенции
  • подобрување на гранична царинска и безбедносна инфраструктура и опрема
  • зафати од мал домен за поголема енергетска ефикасност
  • интегрирани решенија за намалена емисија на јаглерод на патните објекти и транспортот.

Конкретна цел: Реализацијата на предвидените активности за осовременување на граничните премини ќе придонесе кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот и зголемен квалитет на услугите за вработените и патниците, како корисници на граничните премини.

Kако приоритет e предвидено да се:

  • постави сообраќајна светлосна сигнализација на граничните премини Богородица и Дојран
  • постави колска вага за мерење на ТМВ на излез од државата
  • обезбеди нова дигалка за моторни возила во гаражата за детални прегледи на ПМВ и
  • опрема за детектирање на скриена стока

Времетраење: 5 години (почеток : април 2018 година)

Вредност: 433.000 евра