Што е авторско право?

Царинската управа постапува во случаите при увоз, извоз и транзит на стоки за кои се повредени авторски права, заштитени согласно Законот за авторското право и сродните права. Тоа значи дека кога во царинска постапка ќе се појави стока која копира ликови и предмети од филмови, стрипови и други медиуми, заштитени како авторско право, Царинската управа привремено ќе ја задржи стоката и ќе води постапка за утврдување на оригиналноста на истата.

Напоменуваме дека Царинската управа нема надлежност да постапува во случаите, на паралелен увоз, односно кога економски оператор кој нема договор за дистрибуција или застапништво увезува оригинални производи.

Барање за преземање на царински дејствија

Барање за продолжување на периoдот за преземање на царински дејствија

Барање за уништување