Во MODCBR кај снимени декларации не ми го отвара основниот екран.

Во MODCBR кај снимени декларации не ми го отвара основниот екран. Што да направам?

Тоа е поради нагол прекин на струјата на компјутерот и се решава на следниот начин: се оди во C:\ASY\SIS\ и во тој фолдер се наоѓа фајлот MODCBR.dsk и се брише.

Како да извадам дефиниран извештај во ASYCUDA?

Како да извадам дефиниран извештај во ASYCUDA?

За да се излистат податоци од царински декларации се користи модулот MODCBR од ASYCUDA. Корисникот се најавува на сервер, центарален или локален во зависност од податоците кои му се потребни (начинот е објаснет во горенаведените одговори на прашања) Се користиење на опциите Функции –> Дефиниран извештај, се отвора прозорец со полиња каде што можат да се внесат потребните параметри. Првата линија е Име на ивештајот дефиниран од корисник кој може да биде сменета од самиот корисник. Во втората линија Број на извештај се внесува четирицифрен број кој е задолжителен и со кој однапред се дефинирани податоците кои ќе ги добие корисникот Листата со веќе дефинирани извештаи корисникот треба да ја има или да го знае бројот на посакуваниот извештај. Откако ќе се внесе бројот се притиска Enter , при што во долниот дел на екранот се појавуваат параметрите на извештајот (пример: датум од, датум до итн.). Полињата означени со * се не се задолжителни за внес и ако не бидат пополнети корисникот ќе добие извештај со сите можни податоци. На пример, ако не се внесе тарифен број од број-до бро ќе се добие извештај за сите тарифни броеви. Во следниот чекор се притиска ОК и по извесно време (зависно од големината на извештајот) се отвора нов прозор каде пишува дека извештајот е завршен. Се кликнува на копчето Пронајди, се пишува име на извештајот и се притиска ОК со што се заштитува извештајот локално во PRT фолдерот (се создава *.PRT документ). Извештајот може да се погледне на екранот во АСИКУДА, или да се затвори, да се конвертира и да се отвори како Excel или Word документ. Ако случајно се затвори извештајот повторно може да се пронајде во н -> Алатки –> Менаџер за печатење –> Листа на завршени работи (доколку извештајот не е завршен тој може да се пронајде во н -> Алатки –> Менаџер за печатење –> Листа на извршни процеси). *.PRT документот на извештајот се наоѓа во фолдерот C:\ASY\PRT. Доколку сакаме овој документ да го претвориме во Excel или Word документ прво мора да го конвертираме во македонска поддршка со ZASY_UKB програмата која ја активираме со двојно кликање на иконата по што од листата го бираме саканиот документ и притискаме ENTER. Со тоа сме го конвертирале документот. Новоформираниот .txt документ се наога во истиот фолдер PRT и во зависно од потребата го отвараме во Excel или Word.

Кога пробам да се поврзам на сервер на Asycuda ми дава connection refused. Што да направам?

Кога пробам да се поврзам на сервер на Asycuda ми дава connection refused. Што да направам?

Тоа значи дека тој сервер не е подигнат, што значи се работи на некој негов проблем во моментот.?

Постојат и радовни трмини во денот кога се исклучуваат северите заради одржување

На следниот линк се дадени периодот и времетраењето на прекин на АСИКУДА за царинските испостави заради правење на бекап на податоци.

Имам проблем при најавувањето во Asycuda. Што да направам?

Имам проблем при најавувањето во Asycuda. Што да направам?

Доколку крајниот корисник не може да се логира во апликацијата потребно е да се проверат следниве работи: 1. дали точно го внесува корисничкото име - за логирање во АСИКУДА корисничкото име е во следнава форма: IME.PREZIME (големи латинични букви со точка помеѓу името и презимето). Доколку името и презимето на крајниот корисник се подолги, при логирањето крајниот корисник го внесува целото име, а презимето до таа буква до каде дозволува апликацијата. 2. дали точно ја внесува лозинката - за да провери дали точно ја внесува лозинката (можеби греши при внесот на големи/мали букви или некоја слична грешка) крајниот корисник да отвори нов word документ и да ја внесе во него лозинката или да ја внесе лозинката во видното поле каде што го внесува корисничкото име.

Ми дава ABRA или празни табели во декларацијата и не можам да ја завршам. Што да направам?

Ми дава ABRA или празни табели во декларацијата и не можам да ја завршам. Што да направам?

Доколку не може сам се билда нова репликација во MODSYS.

При утврдување на декларација, добивам К број но потоа сум на чекај или ме исфрла.Што да направам?

При утврдување на декларација, добивам К број но потоа сум на чекај или ме исфрла.Што да направам?

Проблем со стартуван print job во асикудата:

Кога во MODCBR се пробува да се утврди декларација се добива К број но после тоа кога треба да се оди на друга декларација држи асикудата на чекај и никогаш тоа чекај не завршува или исфрла асикудата.

После испитување на цел случај од страна на ИКТ е утврдено дека цариникот има кликнато Принтање во MODACC . Принтањето како query асикудата го памти цело време и смета на меморијата кога се оди во MODCBR на промена од една на друга декларација .

Најпрво неопходно е да се избришат фајловите од My Computer/Local Disc C/ASY/PRM и фајловите од C:\ASY\SYS\TMP , доколку има и некои фајлови кои завршуваат и со екстензија .DSK се бришат и тие.

1. Потоа се влегува во MODCBR на тој компјутер во H – Options – Printers - Setup :

2. Потоа во Setup се брише со Delete дефинираниот принтер

3. Потоа се отвора било која декларација

4. Ја отвараме декларацијата S100, на пример или која било друга:

5. Со десен клик на отворена декларација се оди на Printout

6. Во овој екран се штиклирани Declaration Draft и Assessment notice и Automatic printout

7. Ги дештиклираме тие три опции или сите ако се штиклирани треба да се дештиклирани.

Ми појавува машински грешки бр.-79, 240, 250, 271 , 100, и е преспора работата. Што да направам?

Ми појавува машински грешки бр.-79, 240, 250, 271 , 100, и е преспора работата. Што да направам?

Потребно е да се провери селективноста дали е во ред

Како да направам далечинска репликација на сервер?

Како да направам далечинска репликација на сервер?

За повлекување на репликација на сервер се прави во било кој мод. Тоа се прави на следниот начин се избира сервер и се најавува на тој серве и со тоа автоматски се врши репликација.

Како да се поврзам на сервер во Asycuda?

Како да се поврзам на сервер во Asycuda?

Поврзувањето на сервер во Asycuda е иста во сите модови. Најважно е да се знае дека треба на секој сервер поединечно да се поврзува. За поврзување на сервер треба да се следи патеката Функции -> Сервер ->Поврзување, каде се појавува екранот за поврзување и таму во полето Име на поврз. се впишува корисничкото име, во Лозинка се пишува лозинката, во Ц.И. се пишува бројот на серверот (тој се менува со патеката н -> Опции –> Комуникации - >Сервер, каде се избира серверот на кој што сакаме да се поврзиме).

Како да си ја променам лозинката во Asycuda?

Како да си ја променам лозинката во Asycuda?

Проментата на лозинката во Asycuda е иста во сите модови. Најважно е да се знае дека треба на секој сервер поединечно да се променува. За промена на лозинката треба да се следи патеката Функции -> Сервер ->Промена на лозинка, каде се појавува екранот за поврзување и таму во полето лозинка се пишува новата лозинка.