Издавање на потврда согласно член 37 од законот за финансиска поддршка на инвестиции

Се известуваат сите деловни субјекти дека за издавање на Потврда од Царинска управа на Република Македонија согласно член 37 од Законот за финансиска поддршка на инвестиции (Службен весник на Република Македонија број 83/2018....и 124/2019) и член 2 и член 3 од Правилникот за формата и содржината на барањето за доделување на финансиска поддршка и потребната документација (Службен весник на Република Македонија број 142/2019) потребно е да поднесат Барање за издавање на потврда (образец објавен на веб страната) во архивата на Царинска управа или на следната адреса:

 

Царинска управа на Република Северна Македонија

Сектор за финансиски прашања

Одделение за наплата на приходи

ул. Лазар Личеноски бр.13

1000 Скопје.

 

Кон барањето се приложува уплатница како доказ за платена административна такса од 50,00 денари.

Административната такса може да се плати и со испраќање на СМС порака на бројот 144 166 со следната содржина: ТМ_Naziv na delovniot subjekt _50.

Барањето треба да биде потполнето точно, читливо и целосно.

За подетални информации можете да не контактирате на:
e-mail:oddeleniezanaplata@customs.gov.mk или на

тел: 02/32 93 945, 02/32 93 946, 02/32 93 979