ИПА 2013

Проект „Реконструкција на објектите за царинење и инспекција на Граничниот премин за патен промет Ќафасан и надзор на изведбата на проектот“

Проект „Надградба на објектите за царинење на Граничниот премин за патен промет Табановце и надзор на работите“

Факти за проектот:

Општата цел на проектот e олеснување на прекуграничните постапки и спроведување на законите што ќе се постигне со реконструлкција на објектите за царинење и инспекција, што ќе придонесе за подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката, како и зајакната заштита на државата и општеството.

Конкретна цел: Изградба на нов увозно-извозен царински терминал од 9,500 метри квадратни, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти.

Времетраење: 24 месеци (12 месеци градба + 12 месеци гарантен период). Проектот започна во октомври 2017 и се очекува да биде завршен во октомври 2019 г.

Вредност: 1,5 милиони евра

Проект „Зајакнување на оперативни и институционални капацитети на Царинската управа“

Проектот „Зајакнување на оперативни и институционални капацитети на Царинската управа“ е составен од 2 компоненти:

  1. Твининг проект „Зајакнување на оперативни и институционални капацитети на Царинската управа“ со твининг партнери: Агенција за Европска интеграција и економски развоји Федералното министерство за финансии на Австрија, Министерство за финансии на Литванија
  2. Набавка на лабораториска опрема за Царинската управа

Општата цел на проектот е дополнително зајакнување на административниот капацитет на Царинската управа и нејзиниот капацитет за спроведување на законодавството на ЕУ и реформите за исполнување на барањата на ЕУ во областа Царина и доближување на земјата до пазарот на ЕУ и Царинската унија. Развојот на ефективни и ефикасни контроли (вклучувајќи и контроли по царинење) и ревизии на ЦУРМ ќе овозможи институцијата да ги спроведува своите задачи (царинење и контрола на стоки, наплата на приходи, заштита на границите и безбедност и сигурност на граѓаните) и натамошно олеснување на трговијата преку одржување рамнотежа помеѓу олеснувањето на трговијата и ефикасната царинска контрола.

Конкретна цел: Зголемување на ефикасноста при откривање и спречување на царински измами преку поефикасни и таргетирани контроли, засилување на капацитетите за контроли по царинење, примена на современи лаборатори- ски методи и средства, олеснување на трговијата преку усовршување на анализата на ризик согласно стандардите на ЕУ и обезбедување на опрема за царинска лабораторија.

Времетраење: 21 месец (почеток : септември 2017 година)

Вредност: 1,6 милиони евра (твининг) +0,4 милиони евра (опрема за лабораторија)