Проект „Надградба на објектите за царинење на Граничниот премин за патен промет Табановце и надзор на работите“

Факти за проектот:

Цел: Проширување и пренамена на постојниот терминал за увоз и извоз на стока за дополнителни 4.000 метри квадратни, изградба на две коловозни ленти на граничниот премин за излез од Република Македонија, изградба на придружни објекти.

Времетраење: 24 месеци (почеток 4ти квартал од 2016 г, завршен во 4ти квартал 2017, со гарантен период до 4ти квартал 2018 година)

Вредност: 2 милиони евра

Резултат: Подобрување на инфраструктурата и зголемување пропусната моќ на преминот, намалување на времето потребно за вршење на граничните формалности, овозможување на примена на современи средства за инспекција, забрзување и олеснување на стоковата размена, олеснување и забрзување на транспортот долж Пан - европскиот коридор 10.