We Cross Borders

„We Cross Borders“, проект за прекугранична соработка со Република Грција (Програма ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2014-2020)

Факти за проектот

Цел: Модернизација и осовременување на граничните премини Богородица и Дојран, која ќе придонесе кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот и зголемен квалитет на услугите за вработените и патниците, како корисници на граничните премини.

Времетраење: 2020-2023

Вредност: 700.000 евра

Резултат: Модернизирани гранични премини Богородица и Дојран:

  • поставена сообраќајна светлосна сигнализација на граничните премини Богородица и Дојран,
  • поставена колска вага за мерење на товарни возила на излез од државата,
  • обезбедена нова дигалка за моторни возила во гаражата за детални прегледи на патнички моторни возила