Трговија меѓу Европска унија и учесниците во Процесот за стабилизација и асоцијација на Европската унија
Член 1
Производите наведени подолу, се исклучени од кумулацијата предвидена во член 3 од Додаток I, ако:
а) земјата на крајна дестинација е Европска унија, и:
- материјалите што се користат во производството на овие производи се со потекло од која било од земјите учесници во Процесот на стабилизација и асоцијација; или
- овие производи имаат стекнато потекло, врз основа на доволна обработка или преработка извршена во која било од земјите учесници во Процесот на стабилизација и асоцијација; или
б) земјата на крајна дестинација е која било од земјите учесници во Процесот на стабилизација и асоцијација, и:
- материјалите што се користат во производството на овие производи се со потекло од Европска унија: или
- овие производи имаат стекнато потекло, врз основа на доволна обработка или преработка извршена во Европска унија.
КН-Код |
Опис |
1704 90 99 |
Други производи од шеќер што не содржат какао |
1806 10 30 1806 10 90 |
Чоколада и други прехранбени производи што содржат какао - Какао во прав, со додаток на шеќер или други материи за засладување: - - што содржат 65% или повеќе, но помалку од 80% на маса на сахароза (вклучувајќи и изменет шеќер што се нарекува сахароза) или изоглукоза што се нарекува сахароза - - што содржат 80% или повеќе на маса на сахароза (вклучувајќи и изменет шеќер што се нарекува сахароза) или изоглукоза што се нарекува сахароза |
1806 20 95 |
- Други производи што содржат какао во табли, блокови или прачки со маса поголема од 2 кг или во течна состојба, паста, прав, гранули или во други форми во растурлива состојба, во садови или непосредни пакувања, со содржина што надминува 2 кг -- Други --- Други |
1901 90 99 |
Екстракт на слад; прехранбени производи од брашно, пченкарно брашно, гриз, скроб или екстракт на слад, без додаток на какао или со содржина помала од 40% на маса на какао пресметано на потполно одмастена основа, на друго место неспоменати ниту опфатени; прехранбени производи од стоки од тар. број 0401 до 0404, без додаток на какао или со содржина помала од 5% на маса на какао пресметано на потполно одмастена основа, на друго место неспомнати ниту опфатени - Други -- Други |
2101 12 98 |
Други производи на база на кафе |
2101 20 98 |
Други производи на база на чај или мате |
2106 90 59 |
Прехрамбени производи на друго место неспомнати ниту опфатени - Други -- Други (освен екстракт од слад) --- Други |
2106 90 98 |
Прехрамбени производи на друго место неспомнати ниту опфатени: - Други(освен концентрати на протеини и текстуирани протеински материи) -- Други --- Други |
3302 10 29 |
Мешавини од миризливи материи и мешавини (вклучувајќи и алкохолни раствори) врз база на една или повеќе од тие материи, што се употребуваат како суровини во индустријата; други производи врз база на миризливи материи, од вид што се употребуваат при производство на пијалаци: -За употреба во индустријата за храна и пијалаци ---Производи кои ги содржат сите миризливи средства кои го карактеризираат пијалакот: ----Со акохолна јачина што надминува 0,5% по зафатнина ----Други: -----Без содржина на млечни масти, сахароза, изогликоза, гликоза или скроб, или што содржат по маса, помалку од 1,5% млечна маснотија, 5% сахароза или изогликоза, 5% гликоза или скроб -----Други |